ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 20 ноември (недела): Близнаците имаат важни договори, Рибите се добро расположени, а НИВ ги очекува љубовно изненадување

Астро-прогноза

ФОТО: Thinkstock

Проверете што му носи хороскопот на вашиот знак денес

ОВЕН

Работа: Оваа недела ќе биде одбележана од многу размислување и разговори со деловните соработници. Не се заморувајте премногу.

Љубов: Поволните астролошки аспекти ви даваат добра основа да се ангажирате во сферата на љубовта и да остварите поблизок контакт со личноста што ве привлекува.

Здравје: Многу добро.

БИК

Работа: Најверојатно нема причина и потреба од дополнителни активности во текот на оваа недела. Опуштете се, но завршете ги барем неопходните подготовки за новиот работен ден.

Љубов: Што се однесува до случувањата на љубовен план, изненадувањата не се исклучени, особено ако сте оставиле неколку неразјаснети работи во врска со саканата личност.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Близнаците би можеле да очекуваат некои семејни разговори и договори. Ќе ви годат активности поврзани со домот.

Љубов: Опуштеното однесување може да ви користи во сферата на љубовта, особено ако сте имале понапната ситуација претходниот период.

Здравје: Многу добро.

РАК

Работа: Иако можеби сте уморни, нема причина за комплетна пасивност. Ако ништо друго, барем искористете го денот за некоја физичка активност, прошетка на отворено, ќе ви годи.

Љубов: Покажете доволно разбирање и трпение за другата страна. Организирајте дружење со пријателите, роднините.

Здравје: Доволно наспијте се.

ЛАВ

Работа: Не е лош ден за сумирање на резултатите од сработеното и за правење планови за нови работни предизвици.

Љубов: Денес очекувајте повеќе пријатни љубовни изненадувања, особено ако сте планирале некакво излегување и дружење со личноста што неодамна сте ја запознале.

Здравје: Сосема солидно.

ДЕВИЦА

Работа: Девиците речиси секогаш некоја занимација, па така ни во текот на вториот ден од викендот нема да им биде здодевно.

Љубов: Вишокот слободно време би можеле да го искористите за да договорите и да реализирате убави заеднички активности со саканата личност. Може и дружење со пријателите.

Здравје: Одлично.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Вториот ден од викендот ви носи солидни аспекти за да можете малку пореално да ја согледате актуелната работна ситуација и соодветно да се подготвите за работа на некој нов проект.

Љубов: Размислете и обидете се да преземете некои работи од сферата на љубовта во свои раце. Приспособете ги вашите работни обврски на приватниот живот.

Здравје: Многу добро.

СКОРПИЈА

Работа: Скорпиите би можеле да се позанимаваат со заостанатите обврски од претходниот период доколку ги има, а остатокот од денот поминете го во одмор и релаксација.

Љубов: Денес не сте на иста бранова должина со саканата личност. Обидете се да ги одбегнете препирките и ситните примедби.

Здравје: Осетливост на зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Од многуте планови што сте ги имале оваа недела, добро ќе биде да реализирате барем половина. Не верувајте многу во ветувањата, многу е тешко да се исполнат.

Љубов: Би ви годело некое пократко патување, обидете се максимално да се релаксирате и да ја намалите напнатоста.

Здравје: Хронични проблеми поврзани со коските и зглобовите.

ЈАРЕЦ

Работа: Повеќето Јарци денес имаат реални шанси сите обврски да ги завршат на време и да остават доволно време за повеќе од потребниот одмор.

Љубов: Препуштете им се на иницијативата и организацијата на активности што ги планира другата страна, ви требаат повеќе заеднички слободни мигови.

Здравје: Наспијте се доволно.

ВОДОЛИЈА

Работа: Помалку или повеќе сѐ е под контрола и реализацијата на плановите денес не се доведува во прашање.

Љубов: Посветете се на некоја заедничка активност со саканата личност и уживајте во одморот.

Здравје: Без значителни предупредувања.

РИБИ

Работа: Во текот на овој ден ќе бидете многу расположени за разговор и комуникација, но ставете ги одморот и релаксацијата на прво место.

Љубов: Најверојатно непланирано, оваа недела може да ви донесе убава можност за ново познанство. За почеток, ќе биде доволно да се опуштите и да уживате во пријатното друштво.

Здравје: Добрата физичка енергија и позитивниот став кон животот ве прават поздрави.

Токсичните луѓе најчесто се родени во овие хороскопски знаци: Дали се препознавате!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.