ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 18 јануари (вторник): Недоволно јасна визија за иднината и недостиг од приоритети!

Астро-прогноза

Биковите ги реализираат обврските, Ракот го очекува изненадување од саканата личност

ОВЕН

Работа: Уште еден работен ден во којшто сè ќе се одвива во побавен ритам, најмногу поради фактот што неопходно е да се чекаат и другите соработници.

Љубов: Вишокот слободно време би можеле да го насочите кон саканата личност, приоритет нека ви биде негувањето на постоечките партнерски релации.

Здравје: Нема ниту едно здравствено предупредување.

БИК

Работа: Вториот работен ден во седмицата им носи на Биковите помали застои во реализацијата на веќе договорените ангажмани, пред сè, поради конфликт на интереси и нелојална конкуренција. Бидете упорни.

Љубов: Обидете се што појасно да ја согледате комплетната ситуација пред да повлечете одредени потези.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Професионалното ангажирање на Близнаците во полн работен залет, би требало да продолжи и денес. Добро прочитајте пред да потпишете важни документи.

Љубов: Вашите очекувања во сферата на љубовта денес не се големи и можеби така е најдобро. Ниту околностите ниту разбирањето од другата страна не ви се наклонети.

Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.

РАК

Работа: Напорите што ги вложуваат типичните Ракови да се приспособат на новите професионални околности конечно би можеле да ги дадат очекуваните резултати.

Љубов: Денес можете да очекувате повеќе убави работи на поле на љубовта, а најважните се однесуваат на пријатното изненадување од саканата личност.

Здравје: Одлично.

ЛАВ

Работа: Поради недостиг од вистинска поддршка, овој никако не е поволен работен ден за Лавовите да изнесуваат идеи за покренување нови професионални проекти.

Љубов: Астролошките аспекти денес не ви се особено наклонети, доколку сте планирале да расправате за клучни теми и проблеми во сферата на љубовните релации.

Здравје: Чувајте се од вирусни инфекции, настинки.

ДЕВИЦА

Работа: Релативно мирен работен ден ги очекува типичните Девици. Ете можност малку подобро да се реорганизирате и да се приспособите на новите работни трендови што пристигнуваат.

Љубов: Солидниот ден во сферата на љубовта можете да го искористите на повеќе начини, а можеби најинтересни ќе ви бидат разговорите за заедничката иднина со саканата личност.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Прилично напорен ден ги очекува повеќето Терезии на работа, особено во сегментот што се однесува на организација и планирање.

Љубов: Овој ден не би требало многу да се разликува од претходниот во сферата на љубовните односи. Не треба да се потценува убавата комуникација со саканата личност.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

СКОРПИЈА

Работа: Овој работен ден би требало првенствено да им послужи на Скорпиите да подвлечат црта и да направат дополнителна лична организација, пред да прифатат нови работни обврски.

Љубов: Ве очекува долг разговор во сферата на љубовта, само што нема причина за страв, бидејќи потоа би требало да бидете позадоволни од постоечката ситуација.

Здравје: Осетливост на бубрезите, на уринарниот тракт.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ова не е лош ден за повеќето Стрелци успешно да ги одработат основните професионални задачи. Некои од нив може да ги мачи комплицираната заостаната папирологија.

Љубов: Недоволната јасна визија за иднината и недостигот од приоритети се главните причини поради кои денес би можеле да бидете по малку изгубени во сферата на љубовта.

Здравје: Осетливост на кардиоваскуларниот систем.

ЈАРЕЦ

Работа: Денес нема ненадминливи препреки на работа за Јарците, иако не е исклучено многу енергија да потрошите на средување папиролошки формалности.

Љубов: Саканата личност ќе ви пружи многу внимание и позитивна енергија овој вторник. Обидете се да одговорите барем на приближно соодветен начин.

Здравје: И понатаму може да ве мачат ревматични тегоби.

ВОДОЛИЈА

Работа: Без промени на работен план во споредба со претходниот ден. Обидете се некако да се повлечете и да работите на мира.

Љубов: Ден во кој би можело практично сè да ви оди од рака во сферата на љубовта. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

РИБИ

Работа: Немојте да се преоптоварите со дополнителни активности што не ви се приоритет. Посветете доволно внимание на формалностите и папирологијата што можеби ви заостанала од претходниот период.

Љубов: Нема навестувања за крупни случувања на љубовен план овој вторник, но вреди да се обидете барем малку да го анимирате вниманието на саканата личност.

Здравје: Би ви годела физичка активност.

Секој хороскопски знак си носи по една клетва со која се бори цел живот – која е вашата?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.