ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 12 октомври: Ви се отвораат нови можности за вработување!

Астро-прогноза

Водолиите си ги преиспитуваат амбициите, Близнаците треба да му се посветат на партнерот, Рибите треба да го зајакнат имунитетот

ОВЕН

Можете да се надевате на позитивен резултат од случувањата на работа. Ситуацијата ви оди во прилог. Нов познаник ви покажува емоции, а ниту вие не сте рамнодушни. Можна е интересна љубовна средба. Контролирајте го крвниот притисок.

БИК

Важно да ја насочите вашата енергија во конструктивна насока и да ѝ се посветите на работата што е можно повеќе. Ако сакате да се случат некои промени во вашиот однос со партнерот, треба и да поработите на тоа. Имате недостиг од енергија.

БЛИЗНАЦИ

Постои личност што ќе ви покаже дека е подготвена да ве истурка малку и да ви даде добри работни препораки. Потребно е повеќе да му се посветите на вашиот партнер. Малку време поминувате заедно. Би ви годело опуштање.

РАК

Можно е сè уште да се држите до некои стари принципи кои порано или подоцна ќе морате да ги смените ако сакате деловен успех. Важно ви е партнерот да покаже разбирање за вашите „бубачки“. Чувајте го кардиоваскуларниот систем.

ЛАВ

Можно е да ви се нуди шанса за патување поврзано со работата. Искористете ја можноста. Ви се чини дека партнерот ја покажува својата лоша страна, која не сте подготвени да ја прифатите во моментов. Можни проблеми со забоболка.

ДЕВИЦА

Ќе ви треба помош околу работата. Денес, не можете сè да направите сами. Флертувате со личност која ви се допаѓа веќе некое време, а наскоро ќе бидете подготвени да го направите и првиот чекор. Здравјето ви е сè подобро.

ТЕРЕЗИЈА

Важно ви е да бидете убаво прифатени во работното опкружување. Односите со колегите за вас се клучен фактор за мотивација. По искрен разговор со партнерот, ќе дојдете до нови одлуки за врската. Проблеми со белите дробови.

СКОРПИЈА

Се препорачува денес да им се посветите на новите обврски да бидете активни на ова поле. Зафатените Скорпии немаат поголеми промени на љубовен план, но односот со саканата личност не е сосема стабилен. Имате вишок енергија.

СТРЕЛЕЦ

Ви се отвораат нови можности за вработување и задоволни сте поради тоа. Имате бројни можности на секој агол. Доколку сте слободни, ве очекува многу интересен период за нови љубовни познанства. Одлично здравје.

ЈАРЕЦ

Ја работите својата работа најдобро што можете и подготвени сте да им останете максимално посветени на своите амбиции. Можете да очекувате позитивни промени во односот со партнерот. Сè подобро и подобро се согласувате. Ви треба физичка активност.

ВОДОЛИЈА

Ги преиспитувате своите амбиции и не сте сигурни дали сте на вистинскиот пат. Можно е да сте подготвени за подрастични промени. Можно е подолго време да сте биле фокусирани на личност која нема чувства кон вас. Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Можете да очекувате помала непријатност на работа или некој вид несогласување со соработниците. Ви треба подобар пристап во комуникацијата со партнерот ако сакате да ги решите проблемите што ги имате во врската. Зајакнете го имунитетот.

Неделен ХОРОСКОП за периодот од 11 до 17 октомври 2021
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.