ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 10 септември: Среќата ви се насмевнува денес!

Астро-прогноза

Терезијата има стомачни проблеми, Јарецот е уморен, Бикот нема волја за живот

ОВЕН

Можете да очекувате понуда за соработка во странство. Ова е поволен ден за нови деловни договори. Можете да се надевате на познанство со личност која ќе покаже иницијатива кон вас. Хронични проблеми со здравјето.

БИК

Ќе успеете да остварите значајно подобрување, кога станува збор за работата. Ви претстои многу добра фаза и на финансиски план. Иако имате многу разочарувања зад себе, ја продолжувате потрагата за љубов. Немате проблеми со здравјето.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате можност да остварите деловна стабилност. Наскоро ќе ви се укажат нови можности. Новите познанства ви ги враќаат еланот и енергијата. Се чувствувате многу добро. Склони сте на алергии.

РАК

Ви претстојат многу стресови и промени кога станува збор за работата. Не ви е лесно да остварите стабилност на работа. Чувствувате дека полека се оддалечувате од партнерот и дека односот повеќе нема да ви биде ист. Можен е пад на имунитетот.

ЛАВ

Ве очекува период во кој ќе имате неизвесност на работа, што воопшто не ви одговара. Задоволни сте од емотивната ситуација. Се чувствувате убаво кога сте покрај партнерот. Можен е пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Можете да очекувате дека ќе успеете да ги спроведете во дело плановите што ги имате во врска со вашата работа. За сега, не ви е лесно да бидете сосема отворени кон саканата личност, но тоа може да се промени со текот на времето. Проблеми со грбот.

ТЕРЕЗИЈА

Важно е навреме да научите да практикувате одредена дипломатија во деловната комуникација. Ви се допаѓа личност што не покажува дали има чувства кон вас или не. Зголемете го внесувањето на магнезиум.

СКОРПИЈА

Можете да очекувате кочници и блокади на работа денес. Најдобро би било да не правите големи планови. Можно е да имате несогласувања со партнерот. Сè почестите конфликти и проблеми ве заморуваат. Внимавајте на забите.

СТРЕЛЕЦ

Одбегнувајте какви било судири со законот, надредените или кршење на правилата. Доколку сте слободни, ова е поволен ден за ново познанство, кое е поврзано со странство. Одбегнувајте алкохол и опијати.

ЈАРЕЦ

Финансиите ви се нестабилни, па загрижени сте за вашата деловна ситуација. Можно е да сте прилично љубоморни и посесивни и вашиот став му пречи на партнерот. Можни проблеми со дебелото црево. Одете на лекар.

ВОДОЛИЈА

Можно е да успеете да остварите некој ваш деловен план, со којшто ќе бидете задоволни. Можно е понекогаш да се сомневате во искреноста на партнерот кон вас. Врската полека би можело да влезе во криза. Внимавајте на бубрезите.

РИБИ

Ве очекува период во кој ќе бидете склони на деловни проблеми, но и караници и препирки со колегите. Ви треба некое време што ќе си го посветите само на себе. Уморни сте од љубовните проблеми. Можна настинка.

Ако го имате овој број во датумот, среќата е на ваша страна: Родени сте за да остварите неверојатен успех во животот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.