Дневен хороскоп за сабота

ОВЕН

РАБОТА: Бројни деловни обврски кои ги имате ве оптеретуваат. Се чувствувате како на некој начин да сте сокриени во ќош.

ЉУБОВ: Партнерот ќе ви помогне да ги разрешите сите нешта кои ве мачат.

ЗДРАВЈЕ: Намалете го стресот, психичкото здравје ви страда.

БИК

РАБОТА: Загрижени сте за некои проблеми кои ве следат од поодамна. Време е да им се посветите.

ЉУБОВ: Во приватниот живот среќни сте и позитивно влијаете на вашата околина.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Многу тежок ден на работа. Ве очекуваат многу обврски и стрес.

ЉУБОВ: Опкружени сте со недоверливи лица. Партнерот се однесува чудно, што на вас ви создава сомнежи.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте што јадете, можни се проблеми со желудникот.

РАК

РАБОТА: Неочекуван пресврт на деловен план ќе ви го промени животот. Имате прилика да си го наплатите долгот.
ЉУБОВ: Во љубовта ситуацијата ќе биде збунувачка, но солидна.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грчеви.

ЛАВ

РАБОТА: Премногу се оптеретувате со глупости. Не треба по секоја цена да склучувате нови работи или да потпишувате документи без детални проверки.
ЉУБОВ: Во љубовта сте многу романтични и отворени, што кај партнерот предизвикува позитивни реакции.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Немојте да ризикувате или да се коцкате со било што бидејќи можете да загубите.

ЉУБОВ: Стабилната емотивна ситуација во љубовниот живот ве радува.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со зголемен крвен притисок.

ВАГА

РАБОТА: Никако не ви се препорачува било кој вид на партнерство. Лицето со кое сакате да започнете бизнис е прилично чудно или премногу самоуверено.

ЉУБОВ: Доколку сте калкулирале меѓу две лица, денес би требало да се одлучите. Можно е едната од нив сама да замине.
ЗДРАВЈЕ: Можна е вирусна инфекција.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Денес ќе доживеете бројни препреки на деловен план. Не дозволувајте да ве исфрлат од колосек. Многу сте емотивни
ЉУБОВ: Љубовниот живот не е сјаен, главно поради вашите зачестени нервози.
ЗДРАВЈЕ: Зголемете го внесот на витамини

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа, денес ќе наидете на мали потешкотии. Можно е да бидете принудени да почитувате одредени процедури.
ЉУБОВ: Не се чувствувате сигурно покрај својот партнер. Стабилноста на врската е намалена.
ЗДРАВЈЕ: Зголемете ја физичката активност.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Доколку сте планирале деловно патување, можни се некои компликации. Работите ќе се одвиваат побавно отколку што очекувавте.
ЉУБОВ: Склони сте на конфликти во односите со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Одлично.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Поведете сметка за своите финансии, можни се некои помали промени. Избегнувајте големи трошоци
ЉУБОВ: Седнете и размислете што е потребно да се промени. Во овој период ќе постои стагнација која ќе ви донесе нервоза.

ЗДРАВЈЕ: Направете контролна крвна слика.

РИБИ

РАБОТА: Некој ќе ви замери за вашето однесување. Ќе добиете критики и за приватниот и за деловниот живот.

ЉУБОВ: Имате мала блокада во комуникацијата со личност која ви се допаѓа.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со синусите.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.