Денес не’ очекува првото помрачување на месечината оваа година: На овие два знака ќе има најголемо влијание!

Астро-прогноза

Првото помрачување на месечината, од вкупно 6, ќе се случи на 10 јануари

Ова помрачување ќе има големо влијание врз сите хороскопски знаци. Астролозите препорачуваат да не донесувате нагли одлуки, без претходно размислување.

Помрачувањето ќе внесе немир, но тоа брзо ќе помине. Се’ што ви треба е малку трпение. Поволен период ќе биде единствено за Лавовите и Девиците, на кои ќе им донесе можност за нова љубов и напредок во кариерата.

На удар ќе бидат емоциите, па многумина ќе се чувствуваат раздразливо и ќе имаат недостиг на енергија. Затоа, не реагирајте импулсивно, туку добро размислете претходно.

Месечината кај некои поединци може да донесе празнина, емоционална студеност и песимизам. Нагласени се и зависта, љубомората, очајот, стравот, безнадежта и уште многу други фрустрации.

Овој период е одличен за решавање конфликти и несогласувања со околината. Еве како ќе влијае врз секој хороскопски знак:

Овен

Во семејството може да се појават емотивни набои, грижи и пресврти. Внимавајте да не погрешите при некоја одлука.

Бик

Постои можност да ги решите проблемите со некои документи, роднини или тврдоглаво да се држите до својот став, кој не значи дека е правилен.

Близнаци

Ако имате намера да купувате, продавате, дури и да делите недвижнини, немојте да постапувате импулсивно за да не се грижите потоа и да се каете зошто сте избрзале.

Рак

Можно е да бидете незадоволни од својот живот  или да имате проблеми со родителите. Некои Ракови можно е да имаат чувство дека никој не ги сака и да не се чувствуваат добро. Не грижете се, брзо ќе ви помине.

Лав

Добро би било да не преземате ништо периодов туку да се опуштите, да одите на масажа, да медитирате. Некои Лавови може и да се заљубат.

Девица

Вашите емоции ќе бидат насочени кон здруженија, клубови, групи, надежи, очекувања, пензија… Сите случувања ќе одат во тој правец, па ако сте стекнале услов, може да добиете и пензија.

Терезија

Некои Терезии може да напредуваат во кариерата, додека некои може да имаат конфликти со родителите или шефовите. Никако не се препорачува да реагирате импулсивно.

Скорпија

Ова помрачување нема да влијае многу врз вас. Некои Скорпии можеби ќе ја отворат својата душа и емоции. Внимавајте кому му се доверувате.

Стрелец

Добро пресметајте каде и со кого вложувате пари. Не брзајте никаде со одлуките, бидејќи нема да биде лесно.

Јарец

Ако се соочите со некакво недоразбирање и се чувствувате емоционално загрозени, не е време да ги прекинувате односите, туку само малку да се повлечете и да размислите. Некои поединци уште во старт ќе се дистанцираат.

Водолија

Внимавајте да не избијат некои ваши емоции и да ве погодат во болната точка на здравствено поле. Нервите ќе ви бидат напнато, па затоа немојте да решавате ништо во таква состојба.

Риби

Се’ што ќе ви се случува ќе го доживувате многу емотивно, па се препорачува да не влегувате во длабокото со вашето емоционално преслушување. Реално согледајте ги вашите лични чувства кога ќе се соочувате со одредени ситуации и брзо ќе можете да ги увидите вашите добри и лоши постапки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.