Во овој знак се раѓаат најголемите мајстори за манипулација: Лажат секогаш кога можат – проверувајте го она што ви го кажуваат!

Најголемите манипулатори меѓу хороскопските знаци

Тешко е да се разберат и прочитаат Близнаците – променливост и дволичност се зборовите што најдобро ги опишуваат

Близнаците се остроумни и впечатливи, но во нив се кријат две лица, најчесто дијаметрално спротивни – и никогаш не можете да бидете сигурни со кое од нив ќе се сретнете.

Од една страна, Близнаците може да бидат дружељубиви, комуникативни и подготвени за забави, додека од друга страна, овој воздушен знак е замислен, сериозен, немирен, не го држи место, неодлучен е за многу работи, а покрај тоа и многу склон на манипулација. Близнакот е знак кој веднаш ќе ве излаже – или еден од нив ќе ве излаже, па технички и не можете да го сметате тоа за лага, бидејќи произлегува само од едната половина на неговата личност.

Близнаците знаат многу добро да се служат со манипулации, па затоа добро се прилагодуваат на животното опкружување, на моментално настанатата ситуација и лесно го добиваат и остваруваат она што го посакувале.

За Близнаците карактеристично е тоа што речиси никогаш нема да ви кажат што навистина мислат и чувствуваат, што во некоја мера ги прави и привлечни, бидејќи луѓето ги доживуваат како мистериозни.

Најголеми камелеони се меѓу хороскопските знаци, бидејќи можат да се прилагодат на секоја ситуација, а и така ги придобиваат симпатиите и вниманието на луѓето околу себе, кои најчесто се обидуваат да ги импресионираат и освојат со својата харизма.

Со Близнаците никогаш не можете да бидете сигурни дали се искрени или само ве заведуваат и манипулираат со она што го знаат за вас, за да го добијат она што го сакаат.

Покрај сето ова, во Близнаците се крие многу емотивна, интелигентна, чувствителна и љубопитна душа, па доколку сте подготвени на ризикот да се справувате со два карактера и да проценувате дали денес имате работа со доктор Џекил или господин Хајд, еве неколку работи што важно е да ги знаете за Близнаците:

  • Презираат глупавост и кога треба да се занимаваат со глупави луѓе, го користат својот сарказам и смисла за хумор како одбрана.
  • Нивниот мозок е премногу напреден за луѓето со ограничен поглед кон светот и честопати не се во состојба да ги разберат стравовите и однесувањето на луѓето околу нив.
  • Сакаат да го живеат својот живот според свои правила и не сакаат кога некој ги осудува, попречува и ограничува.
  • Близнаците се многу емоционално чувствителни личности, иако другите тоа честопати не можат да го забележат, бидејќи тие се кријат зад цврсто изградените фасади.
  • Кога ќе се изморат од нешто, оставаат сѐ, без караници, без објаснувања, а понекогаш дури и без поздрав. Ако ги измамите или изневерите, засекогаш ќе ве избришат од својот живот.
  • Очекуваат партнерот да прави со нив работи што не ги сака, кои можеби ги смета за чудни или безобѕирни, бидејќи тоа е дел од нивните очекувања од партнерот.
  • Склони се на флерт и не се вљубуваат лесно, но сакаат да бидат сакани и никогаш нема да кажат „те сакам“, ако навистина не го чувствуваат тоа.
  • Кога ќе се посветат на нешто, ништо не може да им застане на патот. Еден ум наспроти двата ума на Близнаците нема никакви шанси.
  • Нивниот најголем конфликт е оној внатрешниот – помеѓу два близнака, бидејќи по правило, едниот е полн со самодоверба, а другиот е поинтровертен, посрамежлив и поскромен. Сакаат да бидат опкружени со луѓе, но не сакаат да се откријат себеси во вистинско светло речиси пред никого.
  • Знаат како да слушаат, разбираат, да простат и да заборават. Но не лажете се, на Близнаците лагата им е како дел од телото, па вашата ќе ја препознаат и пред да ја изговорите.
  • Кога навистина сакаат и се приврзани за личноста, која претходно морала да помине долг пат за да стигне до нивната доверба, многу се лојални.
Список на хороскопски знаци рангирани според нивната иритантност
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.