11.01.2021 е најмоќниот ден во годината: Денес сите желби се остваруваат, а особено среќен ќе биде за овие знаци!

Нумеролог открива

Нумерологот Лора Браун открива на кои знаци им се насмевнува невидена среќа

Во календарот за 2021 година заокружете го овој датум, бидејќи благодарение на низата бројки, носи можност за остварување на сите желби.

Низата од четири единици носи позитивна енергија, а нумеролозите овој ден го опишуваат како еден од најмоќните во годината. Следниот еднакво моќен ден ќе биде 11.11.2021.

Во нумерологијата, бројот 1 претставува независност и верба во себе, како и енергија за нов почеток. Овој датум претставува крај на сите негативни случки и почеток на многу поубав период за сите хороскопски знаци.

Овој ден е идеален за започнување нови работи, нови поглавја во приватниот или љубовниот живот. Сѐ што ќе одлучите да направите денес, ќе ви оди од рака. Доколку имате неразјаснети конфликти со блиски личности, ова е одличен ден за решавање на сите несогласувања.

„11 јануари има многу висока фреквенција која ги зајакнува и најситните чекори што ги преземаме и ни дава сила да ги оствариме сите планови. По овој датум, следува мирен период во кој нѐ очекуваат големи можности за напредок“, вели нумерологот Лора Браун.

„Зголемената енергија на бројот 1 бара од нас да веруваме во себе, да го следиме своето срце и да откриеме нов животен пат“, додава таа.

Иако овој астролошки период позитивно ќе влијае врз сите знаци, особено среќен ќе биде за Водолиите, Лавовите и Девиците. Ѕвездите особено им се наклонети, а нумерологот советува максимално да ја искористите секоја можност.

Откријте што ви носи 2021 година и која е афирмацијата за вашиот хороскопски знак
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.