Солидарност во доба на корона: Мигрант ѝ ја возврати услугата на Италија (ФОТО)

Позитива на денот

Фото: Илустрација

Триесет и четиригодишниот египетски мигрант Самир, кој живее во Италија десеттина години, поседува маркет за свежо овошје.

Во ова невреме, тој реши да се солидаризира со земјата која како добар домаќин го примила пред една деценија, па сега овошјето од неговиот маркет е достапно бесплатно за неговите сограѓани.

На картонскиот знак пред неговиот маркет пишува:

Вие ми посакавте добредојде пред 10 години. Сега јас ви ја враќам услугата.“

 

Фото: Инстаграм

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.