Што направивме со животот: Имаме големи куќи, а мали семејства, многу дипломи – ни малку знаење!

Парадоксот на времето!

Пиеме и пушиме премногу, трошиме непромислено, се смееме премалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, стануваме уморни, не читаме доволно…

Парадоксот на нашето време е што имаме поголеми згради, но пократки нерви, широки патишта, но тесни погледи, трошиме повеќе, а имаме помалку, купуваме повеќе, уживаме помалку.

Имаме поголеми куќи, а помали семејства, поголема удобност, а помалку време. Имаме повеќе дипломи, но помалку разум, повеќе знаење, а помала способност за расудување, повеќе експерти, а уште повеќе проблеми, повеќе знаења во медицината, а сè помалку здравје.

Пиеме премногу, пушиме премногу, трошиме непромислено, се смееме премалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, предоцна си легнуваме, станува уморни, не читаме доволно, премногу гледаме телевизија.

Ретко се молиме.

Ги зголемивме нашите поседи, но ги намаливме нашите вредности. Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Му додаваме години на животот, но не и живот на годините.

Имаме патувано на месечината, а проблем ни е да преминеме улица и да го запознаеме новиот сосед. Завладеавме со надворешниот простор, но не и со внатрешниот. Направивме големи, но не и подобри работи.

Го исчистивме воздухот, а ја загадивме душата. Го разбивме атомот, но не и нашите предрасуди. Пишуваме повеќе, но учиме помалку. Планираме повеќе, но постигнуваме помалку. Научивме да брзаме, но не и да чекаме. Имаме повисока заработка, но и понизок морал. Имаме сè повеќе храна, а сме сè понеблагодарни. Градиме посилни компјутери со поголема меморија, а ние разговараме сè помалку и помалку. Тежнееме кон поголем квантитет, а забораваме на квалитетот.

Ова се времиња на брза прехрана и бавна дигестија, големи луѓе, а мали карактери, брзи заработки и површни односи. Ова е време на мир во светот, но војна во домот. Време на голема досада, а малку уживање. Време на разновидна храна и лоша исхрана.

Има сè помалку финансиски проблеми во бракот, а сè повеќе разводи, има сè повеќе луксузни куќи, но и поделени домови. Ова се денови на брзи патувања, разголена облека и низок морал, на сè подебели луѓе и таблети кои можат сè: да орасположат, затапат или убијат.

Запомнете:

Поминувајте што е можно повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да бидат вечно покрај вас. Кажете му по некој убав збор на оној кој ве гледа со стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасни и ќе си замине.

Сетете се да му дадете топла прегратка на оној кој е покрај вас, бидејќи тоа е единственото богатство што можете да го дадете со вашето срце, а нема да ве чини ништо.

Сетете се да му кажете „те сакам“ на вашиот партнер и на вашите сакани, но најважно е искрено да го мислите тоа. Бакнежот и прегратката можат да излечат рана, ако доаѓаат длабоко од срце. Сетете се да се држите за раце и да ги цените заедничките моменти, бидејќи еден ден таа личност нема да биде тука.

Најдете време да сакате, најдете време да разговарате и најдете време да ги споделите вашите драгоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не изгубите здив. Солзите се нормални. Издржете, оздравете, преживејте. Кажете им на вашите сакани дека ги сакате во секоја прилика, бидејќи животот не се мери според бројот на вдишувања, туку според моментите што ни го одземаат здивот.

(Колумна што ја напишал американскиот стендап-комичар Џорџ Карлин по смртта на неговата сопруга)

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.