Колумна: Уметноста на молчењето… Фуј, повторно не сум она што го сакаат жените…

ФОТО: PIxabay

„Тој не може да се затне“, коментираа сите во мојата околина, и навистина, често имав чувство дека ќе пукнам доколку не ја споделам својата мудрост со светот.

Сите се сеќаваме на стихот со кој како мали, секогаш кога спиевме групно, нè тераа да замолчиме: Кој ќе писне, нешто ќе стисне… И сите се сеќаваме што беше тоа нешто…

Јас бев тој што редовно го стискаше тоа нешто, бидејќи секогаш имав нешто да додадам и буквално се чувствував дека ќе пукнам ако не го споделам тоа нешто со светот.

Тој не може да се затне“, велеа сите околу мене, и навистина, често имав чувство дека ќе пукнам доколку не ја споделам својата мудрост со светот.

Мојата желба да дрндам и да ја забавувам околината ми ја  донесе непоколебливата улога на одделенски кловн. Никој не ми беше дораснат во шегите и го вицевите за наставниците, а подоцна и за професорите. Сè ми беше материјал за шегување. А шегата не смее да трпи, мора да биде кажана макар следувала смртна казна веднаш потоа. А да не ви ги наведувам сега сите оние сериозни пригоди, на пример – погреби, кога доживувам перверзно задоволство некого да натерам да пукне од смеење со тоа што низ заби ќе ја треснам најголемата глупост во најлошиот можен миг.

Шегата не смее да трпи! Во почеток, тоа го правев за да се забавувам себеси, потоа сестра ми и другарите, а подоцна дојдоа на ред девојчињата. Колку и да се смеам денес на сеопштата реченица што згодните женски ја кажуваат: „Битно ми е мажот да е духовит и да ме смее“, во мое време тоа беше апсолутно точно. Во тие нежни години девојчињата навистина сакаа со мене да си одат дома а не со Александар, кој со своите пари можеше да го купи училиштето со сè персоналот и учениците (сега може и цела држава, а мислам и дека го сторил тоа!).

Ми текнува само на една што не падна на моите шеги и ме сметаше за дворски шут. Значи, накратко, јас сум оној што има приказна. Оној што батките со добар изглед го прашуваат за совет при додворување. Е, бидејќи јас сум тој и од лично искуство знам дека приказната и тоа како функционира, не ми е јасно како пред некој ден во весниците прочитав дека жените сакале молчаливи типови?! И не само во весниците, ми се случува некоја жена во мое друштво да каже

Ми се допаѓа бидејќи е мистериозен, секогаш молчи…“.

Да. Молчи. И секогаш тој што молчи е некој убавец што три часа го монтирал својот кежуал-изглед, а зимата ја поминал во фитнес-центар. Или уште полошо – џогирајќи! Молчи и ги брои калориите. А потоа, така молчалив, седнува во своето „бемве“ и оди некаде, па ти лови го на Инстаграм. Значи, фрлил јадица и си заминал…

И, по некое време, ќе го најдеш и ќе почнеш срамежливо да се допишуваш со него. Не ти пречи тоа што умее да напише само „екстра“ или „ОК“ и што има богат арсенал од две смајлиња. Обично и она со отворена уста. Уф, па тој бил мистериозен и во пишана форма! По еден месец ќе се сретнете во некое кафуле, можеби ќе падне и сексуален однос во кој тој многу убаво и сосема доволно ќе се задоволи себеси. И ете те потоа како ја прашуваш другарка си или мене каде згреши.

Згреши во тоа што помисли дека во купот коњски измет се крие прекрасно пони, а, се разбира, се работи само за куп коњски измет. Само жена може да помисли дека молчењето крие мудрост и широчина.

Молчи бидејќи не знае да зборува. Молчи бидејќи смета дека е подобро луѓето да претпоставуваат дека е глупав отколку да прозбори и да добијат доказ за тоа. Во мојата омилена серија од детството еден прекрасен фраер нон-стоп молчеше, а главната хероина сметаше дека е мистериозен и умираше по него, за подоцна, по литар пролеани солзи од нејзина страна, да видиме дека тој е неписмен и на граница на клиничко моронство.

Ох, колку само бев среќен, сакав и писмо да им испратам на сценаристите со кое ќе им се заблагодарам… Јас сум за еднаквост и – ако од една убавица не можеме да очекуваме да ни прераскаже цртан филм, зошто би го очекувале тоа од Мистериозниот Преубав Молчаливко? Секој нека го прави она што најдобро го умее и доволно е.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images, Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.