Колумна: Еден ден во главата на мажот…

И покрај длабоко врежаното мислење... Или во согласност со него?

Фото: Getty Images

Само за вас, драги мои, направив 24-часовен тест за да дојдам до речиси научни податоци и одговори на прашањето: За што размислуваат мажите преку ден?

Ги знаете оние обиди за духовитост што се’ почесто ги гледаме на Интернет? Оние графикони на човековиот мозок што треба да објаснат што мислат мажите, а што жените?

Па тогаш женскиот мозок изгледа како сад за чување списоци за шопинг, а машкиот се дави во некаква грозна смеса што се состои 80% од семена течност и 20% од пиво. Некој тоа одамна го изгенерализирал и ете како жените гледаат на мажите и обратно.

Само за вас, драги мои, направив 24-часовен тест за да дојдам до речиси научни податоци и одговори на прашањето: За што размислуваат мажите преку ден?

Всушност, колку сум јас оној типичен маж од рекламите за пиво, постојано “возбуден“ и жеден и што да правам ако се воспостави дека не сум? Дали е тоа лошо? Туку ајде да почнеме…

6.12 Ги мразам светот и сите луѓе што некогаш живееле. Зошто мора да станам? Седнувам на креветот и разгледувам околу мене. Целиот сум за никаде и се упатувам кон тоалетот. Се присетувам на советите од женските списанија: “изненадете го со утрински секс“. Ма, сиктер, бе!

6.30 Од тоалетот излегувам смрзнат, наежен и на врв на прсти. Трчам назад во спалната. Секси? Да, исклучително. Единствено за што размислувам е да се вратам во кревет. Заклучувам дека апсолутно нема простор за сите оние сексуални конотации.

6.55 Конечно! Еве ја првата еротска мисла. Згодна женска на пешачки премин! Значи, дури кога сум во состојба да управувам со автомобил можам квалитетно да формирам грешни мисли.

10.05 Три часа и бев посветен на работата и на тоа што ќе јадам. Не мислев на жени и на секс, но тоа ќе му го припишам на фактот што бев затворен во мал простор со другар ми.

12.00 Да имаше среќа и правда во животот, дури сега ќе станев. Нормално, наспан и веројатно со ерекција. И тоа онаа што ти кажува дека си се наспал. Вака се влечкам по некои шалтери. Има згодни маченца во бирократскиот пекол, но се задоволувам само со тоа некоја од нив да замислам гола. Ништо повеќе.

14.36 Работам во канцеларија во која има премногу луѓе, а премалку квадратни метри. Си задавам мали порции работа, по кои како куче си се наградувам со ситно задоволство – чоколатце од автоматот или со поглед на згодната колешка.

 15.44 Повеќето вработени си заминаа, па јас можам да завршам некои посложени работни задачи. Си заминаа провево-фобите, па ги отворам прозорците и чувствувам дека дури сега доживувам креативен наплив… прекинат од гладот.

16.28 Сега сум солидно гладен. Признавам, избирам хранилиште во кое ќе можам да зјапам во женскиот свет. Кога сум гладен, гладен сум и за тоа, па сакам со еден удар да убијам две муви. Ова звучи како да сум добил секс за десерт, но добив само шпагети.

18.29 Гледам вести. Ме нервира што ги води бринета со кратка коса, а не русокоса со долга коса.

20.33 Увидувам дека сум одгледал 12 епизоди од серијата Penny Dreadful, а се’ уште не разбирам за што се работи. Но актерката е згодна.

21.40 Се сетив дека пред 4 часа М. ми испрати порака дека вечерва „можеме да се видиме“. Не знам зошто, но во тој миг ми е некако поубаво да размислувам за „гледањето“ отколку да се „видиме“. Конечно ја удостојувам со одговор. Навистина заборавив, но изговорот е катастрофа. Како да лажам добро кога сум мртов уморен?

22.58 Ова никогаш не го правам, да не помислите дека сум некој добар фраер со стан и со исплатен автомобил… Отворам шише бело вино и го пијам потпрен на балкон. Зедов убава чаша, како да ќе ме види некој.

23.47 Се туширам, бидејќи не сакам изутрина да го правам тоа. Сеќавањето на утринското страдање се’ уште ми е свежо. Одам во кревет најрано во последниве 168 години. Би сакал сега да дојде некоја која ќе го направи тоа што треба и ќе си замине. Уште не завршив со таа мисла, а веќе потонав во сон.

Авторот не може да верува дека признал какви серии гледа!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.