Најинтелигентни решенија за професионално управување со возниот парк во 2021-та

Драган Костовски, извршен директор на „Фротком“, за „Економист: Светот во 2021-та“

За специјалното годишно издание на престижниот „Економист: Светот во 2021-та, Драган Костовски, извршен директор на „Фротком“ , го споделува своето искуство во секторот за транспорт и логистика и начинот на кој се раководи со еден бизнис посветен на софтвер за управување со возен парк за време на ковид-кризата.

Извршниот директор на „Фротком“, г. Драган Костовски

Што е Фротком и како функционира во Македонија?

Фротком® е систем за интелигентно следење возила и управување со возен парк, кој им помага на компаниите да заштедат пари контролирајќи ги активностите на нивните возни паркови, притоа намалувајќи ги трошоците, зголемувајќи ја продуктивноста, подобрувајќи ги безбедноста и услугата на клиентите, со што се обезбедува ублажување на ризикот и се продолжува животниот век на возилото.

Фротком® е развиен од Фротком интернешнел, глобален снабдувач на системи за следење возила од 1997 година. Користен е од илјадници компании во повеќе од 30 земји во светот. Решението е прифатено од мали и големи возни паркови со повеќе од илјада возила, кои работат во различни индустрии, како што се глобален товарен транспорт и логистика, дистрибуција, пошта и курири, патнички превоз, производство/инженерство, изнајмување автомобили итн.

Основните карактеристики вклучуваат GPS следење, контрола на сензори, однесување во возењето, планирање и следење рута, управување со горивото и интелигенција на возниот парк.

Фротком® е присутен на пазарот во Северна Македонија од 2010 година преку Фротком Македонија (ЛКВ КОСТОВСКИ), ексклузивен дистрибутер на софтверот Фротком® за земјата. Нашата компанија нуди комплетен пакет услуги на Fleet Telematics, вклучувајќи инсталација, обука и поддршка за сите видови возен парк – автомобили, комбиња, камиони, автобуси, тешка градежна машинерија и земјоделска механизација.

Со напорна работа и посветен тим, стекнавме значително искуство низ годините и оваа година славиме десет години успех во Северна Македонија!

Што го издвојува Фротком од другите системи?

Најпрвин, Фротком® е целосно посветен на транспортен менаџмент и е фокусиран на возните паркови на компаниите. Стекнавме долгогодишно искуство и можеме прецизно да ги идентификуваме потребите на менаџерите на возните паркови.

Второ, не правиме компромис за квалитетот; сите знаеме дека евтино и сигурно не се синоними; нашите клиенти треба целосно да се потпрат на најдоброто решение за управување со нивните возни паркови. И, конечно, континуирано сме посветени на обезбедување одлична услуга за клиентите, обезбедувајќи им алатки потребни за управување со нивниот возен парк, од следење возила до вистинска интелигенција на возниот парк, без оглед во која индустрија работат.

Особено барани услуги што ги обезбедуваме за македонските компании, а кои сите конкуренти не можат да ги понудат се:

– Далечинско преземање податоци од тахограф;

– Автоматско идентификување возач со користење тахографски возачки картички;

– Сензор за следење на нивото на горивото во резервоарот на возилото;

– CANBus интерфејс за извлекување значајни информации од електричното коло на камионите, како што се онлајн-информации во реално време за нивото на горивото во резервоарот, варијација на горивото, AdBlue ниво, PTO (моќност на тргнување), тежина, брзина на моторот (вртежи во минута), температура на течноста за ладење на моторот и состојби на двигателот на тахографот. За возила со дигитални тахографи, информациите вклучуваат погон, работа и состојби на одмор, како и предупредувања кога ќе се достигне максималната брзина на возење дозволена со закон;

– Далечински мониторинг на температурата на товарот, со можност за интерфејс директно до запишувачите на информации за температура во приколката;

– Интеграција со системот ELB Lock за далечинско заклучување или отклучување на вратата на Schmitz приколките;

– Анализа на однесување во возењето;

– Аларми за возен парк со можност за поставување нивоа на сериозност;

– Автоматски извештаи од возниот парк испратени по е-пошта.

Како пандемијата на ковид-19 го погоди бизнисот во овој сектор?

Како и кај повеќето компании, пандемијата остави свој белег и во нашиот сектор. Неколку месеци имавме намалена продажба на опрема, повеќе компании работеа со намален капацитет и имаше исклучувања на возилата на неодредено време. Сепак, знаеме дека транспортот продолжи да се одвива непречено, но со мали застои на границите.

Загубите во нашиот сектор не беа драстични, во првите месеци од пандемијата, намалувањето на работата беше за околу 10-15 отсто. Важно е тоа што во нашата компанија за сето ова време на турбуленции немаше отпуштања и намалувања на платите.

 Како менаџер, дали бевте принудени да донесете драстични одлуки при справувањето со кризата предизвикана од пандемијата?

Се разбира, здравјето на нашите вработени е најважно. Ги презедовме сите мерки дадени од Министерството за здравство. Сите канцелариски простории беа дезинфицирани, а вработените работеа од дома два месеца. Во моментов ги следиме препораките на владата и користиме заштитни маски и средства за дезинфекција на работното место. Во секоја канцеларија има по двајца вработени, од кои едниот секогаш носи маска. Сè додека трае пандемијата, какво било групирање е забрането за време на работното време.

Во вакви времиња, неопходно е бизнисите да се приспособат на промените на нови, инвентивни начини. Дали се појавија некои нови можности за Фротком на пазарот?

Како што трае пандемијата и сѐ повеќе се зголемува трендот за онлајн-состаноци, започнавме со сесии за обука на нашите клиенти, секоја среда во 14.30 часот. На овие сесии сакаме да им помогнеме на нашите клиенти да го разберат системот на најлесен начин, покажувајќи им ги клучните карактеристики достапни во Фротком® и да им обезбедиме брз начин да разговараат и да се консултираат за која било опција што е достапна во Фротком®, а која може да им користи во овој момент.

Ги промовираме овие онлајн-обуки на нашите социјални мрежи и клиентите сѐ повеќе се вклучуваат, препознавајќи ги позитивните ефекти од решението што го нудиме,  можноста да комуницираат со нашиот тим за поддршка и да научат нешто ново за системот Фротком®. Сите заинтересирани клиенти можат да закажат тренинг-сесија на електронските адреси support@mk.frotcom.com или marketing@mk.frotcom.com.

Покрај онлајн-обуката за клиенти што се одржува еднаш неделно со нашиот искусен кадар, го зголемивме нашиот тим за техничка поддршка и грижа за клиентите по продажба, за уште побрза и подобра услуга за нашите клиенти.

Кои се предизвиците и каква е визијата на компанијата за следната, 2021 година?

За следната 2021 година, пред сè, би сакал сите да останеме во добро здравје, вклучително и нашите вработени и клиенти.

Без оглед на тешкотиите што ги имавме во 2020 година и кои сите би сакале да ги заборавиме што е можно поскоро, Фротком® продолжува да го надградува својот систем, бидејќи дел од техничкиот тим на Фротком работи на новини за да им помогне и да ги олесни предизвиците на нашите клиенти со кои се соочуваат во секојдневната работа. Како и претходно, во 2020 година Фротком® го ажурира системот на секои 3 месеци со нови подобрени услуги и решенија.

Следната година, во првиот квартал од 2021 година, ќе биде лансирана нова апликација за паметни телефони, и за Андроид и за IOS. Тоа ќе биде трета апликација што ќе биде оперативна за нашите клиенти, со далеку повеќе опции и подобрени технички можности. Нови интегрирања со надворешни страни, исто така, ќе бидат обезбедени во текот на следната година, и во Новата година продолжуваме да бидеме целосно посветени на обезбедување најинтелигентни решенија за професионално управување со возниот парк на компаниите во Северна Македонија.

Текст: „Економист: Светот во 2021-та“

Фото: приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.