Михаел Солтер: „Филип Морис“ ќе продолжи да создава подобри алтернативи за пушачите

Генералниот директор на „Филип Морис ТКП ДОО Скопје“ за „Економист: Светот во 2021“

Во годишното издание на престижниот британски неделник „Економист“, „Светот во 2021-та“, генералниот директор на „Филип Морис ТКП ДОО Скопје“ Михаел Солтер, меѓу другото, ги дава своите прогнози за економијата погодена од пандемијата и визијата на компанијата да го види светот без чад од цигари.

„Кризата предизвикана од ковид-19 покажа дека животот е непредвидлив и колку и да сакаме да планираме, колку и да сметаме дека сме анализирале и подготвиле сè, сепак може да се случи нешто што сите тие планови ќе ги фрли во вода. Токму тоа ни се случи нам со лансирањето на нашиот иновативен систем за загревање на тутун IQOS, чија појава и на македонскиот пазар долго се очекуваше“, вели г. Солтер на почеток од разговорот за „Економист: Светот во 2021-та“.

Михаел Солтер, генерален директор на „Филип Морис ТКП ДОО Скопје“

Нашиот план беше да го комерцијализираме производот во почетокот на април. Но, во март почна пандемијата и многу бргу стана јасно дека стартот ќе мора да се одложи.

Сепак, со оглед дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, решивме да се прилагодиме на новонастанатата ситуација. И наместо со голем настан, лансирањето го почнавме со онлајн-продажба на крајот на мај.

Многу пушачи што не се откажуваат од уживањето во тутунот и ритуалот, решија да направат нешто за себе и да ја искористат понудената подобра алтернатива. А токму тоа е IQOS, за кој научно е докажано дека е подобра алтернатива од пушењето бидејќи главен причинител на болестите врзани со пушењето не е никотинот, туку горењето на тутунот и чадот, кој содржи штетни и потенцијално штетни супстанции.

Зошто направивме промена на визијата кон свет без чад од цигари? Едноставно кажано, затоа што тоа е вистинската работа што треба да ја направиме. Тоа го бараат нашите вработени, нашите потрошувачи и, конечно, целото општество го бара, но и го очекува тоа од нас.

Во светот има над една милијарда пушачи и тие треба да бидат охрабрени да се откажат од цигарите. Но, за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, обезбедуваме алтернативи без чад, кои се развиени врз база на научни докази.

Во последните 10 години постигнат е завиден успех благодарение на големите инвестиции во развојот, но и на отвореноста за соработка со научната заедница и регулаторните тела. Повеќе од 430 врвни научници и инженери работат на овие решенија, а досега се инвестирани 7,2 милијарди долари во истражување и Филип Морис денес е 45-та компанија по прифатени патенти во ЕУ.

Во време кога сè повеќе расте грижата за здравјето, кога јакне свеста за штетноста од загадувањето и последиците од климатските промени, сосема е нормално и еден гигант, без разлика што доаѓа од тутунската индустрија, да стане дел од глобалниот тренд.

Се надеваме дека пандемијата со ковид-19 за некој месец ќе се стави под контрола, но и дека животот ќе почне полека да се враќа во нормала. На економијата на земјава, како впрочем секаде во светот, ќе ѝ треба време да закрепне. Во вакво време, многу е важно да се биде одговорен кон заедницата.

Ние во целост применуваме и следиме строги принципи на работа, кои, меѓу другото, подразбираат општествена одговорност, почитување на даночните прописи и редовно сервисирање на обврските кон државата. Поради тоа, неодамна од Управата за јавни приходи добивме признание за искажан висок степен на даночна култура во 2020 година.

Се надевам дека во сосема различни услови од оние кои беа во годинава што изминува, во 2021 година ќе продолжиме со нашата намера светот еден ден да го видиме без чад од цигари. Наша зацртана цел е до 2025 година да има 40 милиони пушачи што ќе преминат на бездимните производи.

Очекуваме дека на овој пат ќе имаме и поголема поддршка од регулаторите, кои можат многу да помогнат кон тоа пушачите полесно да се насочат кон алтернативни производи. Таков чекор веќе направи Американската агенција за храна и лекови, неприкосновен авторитет во делот на јавното здравје, која во екот на пандемијата донесе одлука со која IQOS е ставен во категоријата производи со модифициран ризик и со што се дозволи комуникација со јавноста дека се работи за производ што емитува помалку штетни материи споредено со цигарите.

Ние ќе бидеме истрајни во нашата одлука да го видиме светот без чад од цигари. Во таа насока, искрено ќе продолжиме да инвестираме во науката и развојот и да создаваме подобри алтернативни производи за пушачите. Некои од нив следната година, како сосема нови производи, ќе ги понудиме и на македонскиот пазар. (поддржано од Филип Морис ТКП ДОО Скопје)

Текст: Економист: Светот во 2021-та

Фото: Приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.