Лонгруи Циу: Нашиот бизнис расте и е сѐ поразновиден

„Сите треба да растеме“

Интервју на генералниот менаџер на „Хуавеи“ за „Економист: Светот во 2021-та“

Лонгруи Циу, генерален менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија, зборува за 2020 година, за „Хуавеи“ на глобалниот и на локалниот пазар и што очекува од 2021 година.

Што е Huawei Consumer Business Group?

Huawei CBG е дел од нашата деловна активност одговорна за уреди, развиени, произведени и доставени до крајните корисници. Паметни телефони, лаптопи, таблети, паметни часовници, паметни очила, безжични аудиоуреди, дисплеи, рутери. Всушност, нашиот помлад бизнис.

Другиот дел, CNBG опфаќа мрежи и решенија за претпријатија, како што започна целата приказна. Двете групи покажуваат балансиран придонес кон целиот бизнис. На крајот на првата половина од 2020 година, CBG придонесе за 56 отсто од приходите на „Хуавеи“.

Како би ја опишале 2020 година за Хуавеи, особено за Huawei CBG?

2020 беше една од нашите пресвртни години. Ние сме млада и брзорастечка компанија и за време на овој раст имавме неколку пресвртни точки. 2020 ја започнавме со разбирање дека ќе биде предизвик. Моравме да ја смениме двојната структура на пазарот на мобилни телефони, да воспоставиме нова платформа – Huawei Mobile Services и нова продавница за апликации – Huawei AppGallery. На локалниот пазар имавме намера за првпат да лансираме компјутери.

Всушност, не само компјутери, туку и нашата 1+8+N стратегија. Моравме да ги прошириме гледиштата, од „паметен телефон“ во „екосистем“. Екосистем е клучен збор на годината, HMS/AppGallery и екосистем на производи. Потоа, започна корона-кризата, уште еден предизвик, но ние веќе бевме подготвени за борба. Јас сум прилично сигурен дека сите ќе ја паметат оваа година.

Дали ги постигнавте целите на локалниот пазар?

Дури и ги надминавме. Нашиот бизнис продолжува да расте, имаме позитивен годишен раст, ја задржавме силната позиција на пазарот на паметни телефони и истовремено развивме побогато портфолио. Успеавме да се грижиме за нашите клиенти во текот на пандемијата, обезбедивме услуга Од врата до врата, продолжени гаранции.

Што е со предизвикот на AppGallery? Како се одвива глобално и локално?

Според најновите податоци, AppGallery има 700 милиони корисници на уреди и повеќе од 2 милиони регистрирани програмери. Се фокусираме на апликации што се користат и пребаруваат и веќе опфативме 90 отсто од нив. Посветуваме внимание на локалниот пазар и на локалните апликации. Ги интегриравме МојДДВ, m-banking на Стопанска банка, mBanka на Комерцијална банка, NLB mKlik на НЛБ банка, Air Quality – AirCare, Grouper.mk, Мојот А1, Нептун Македонија, Телеком МК.

Ако вашата омилена апликација сè уште ја нема, сигурен сум дека веќе работиме на неа и ќе пристигне наскоро. Новите модели со AppGallery се добро прифатени, а како резултат на тоа, С. Македонија е еден од првите европски пазари што го продаваат новиот и најмоќен Mate 40 Pro.

 Кои се категориите што не вклучуваат паметни телефони на овој пазар?

Ова лето ја лансиравме Matebook PC серијата со 4 модели од среден и висок ценовен ранг. Ги развивме новите паметни часовници, Watch GT 2 Pro е вистински хит – неговата формула на технологија и начин на живот во класичен дизајн е успешна.

Новиот предизвик се премиум аудиоуредите, како паметните аудиоочила за сонце – Huawei x Gentle Monster Eyewear II. Важен е екосистемот, не еден, совршен производ. Нашата визија е насочена кон Seamless AI Life и лансираме производи што се дел од екосистем.

Што очекувате во 2021 година?

Ќе го продолжиме она што го започнавме. Стратегијата наречена 1+8+N. 1 е паметниот телефон, речиси сè е поврзано преку него. Ќе продолжиме да ги развиваме нашите паметни телефони и Huawei Mobile Services, повеќе апликации во AppGallery и повеќе услуги како Cloud, Music, Video, Pay, Petal Search, Petal Maps. 8 се часовници, слушалки, компјутери, дисплеи, телевизори.

Сè уште не сме ги лансирале сите „8“ на овој пазар, може да очекувате повеќе новости. N е бесконечност, Internet of Things и можности за паметен дом и паметен живот. Нема да откривам детали, но насоката е јасна. Сите треба да растеме.

Текст: Економист: Светот во2021-та

Фото: приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.