„Галф оил“ ги подигнува стандардите во нафтениот бизнис во Македонија

Интервју со Владимир Стајиќ, генерален менаџер на „Гaлф оил Македонија“, за „Економист: Светот во 2021-та“

Пред три години, компанијата „Галф оил Македонија“ успеа да донесе нов бренд на домашниот нафтен пазар по пауза од 15 години. Станува збор за најпознатиот интернационален бренд на нафта и нафтени деривати, американскиот „Gulf Oil“, лидер во нафтениот бизнис, кој е присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти.

Исклучителните резултатите што „Галф оил Македонија“ континуирано ги бележи во изминатиов период се потврда дека компанијата прераснува во еден од лидерите во нафтениот бизнис, кој на потрошувачите во земјава и регионот им нуди најквалитетни горива и врвна услуга во широката мрежа на бензински станици низ Македонија.

За работата на компанијата и за прогнозите за нафтениот бизнис кај нас и пошироко, генералниот директор Владимир Стајиќ зборува во интервјуто за годишникот „Економист: Светот во 2021-та“.

Владимир Стајиќ, генерален менаџер на „Гaлф оил Македонија“

Изминатата 2020 година беше исклучително тешка и неизвесна за сите компании. Сепак, „Галф оил Македонија“ и во овие отежнати услови на работење успеа да постигне навистина завидни резултати. На што се должи тоа?

Коронавирусот ги погоди сите земји во светот и предизвика долгорочни негативни последици по здравјето на луѓето, но и на економиите, бидејќи се соочивме со затворени граници, ограничување на движењето, рестриктивни мерки. За време на пандемијата, примарна цел на „Галф оил Македонија“ е максимално да го заштитиме здравјето на нашите вработени и нивните семејства, а притоа да продолжиме непречено да ги снабдуваме нашите купувачи со горива со највисок квалитет, дистрибуирани според врвни светски стандарди.

И успеваме во тоа, овозможувајќи раст на компанијата од 4,74 отсто во една од најкризните години. Изминативе години, откако сме ексклузивни застапници за нафтениот бренд „Gulf Oil“, изградивме доверба кај македонските купувачи дека во секој момент го добиваат најдоброто, и тоа воопшто не се промени за време на пандемијата, така што остварените позитивни резултати дојдоа како резултат на лојалноста на нашите купувачи.

Во исто време, создадовме работна атмосфера, во која сите вработени се чувствуваат сигурно и безбедно, знаејќи дека ги презедовме сите мерки за нивна заштита. Обезбедивме заштитни материјали за сите вработени, на сите работни места, односно на бензинските станици, лицата што работат на транспортот, во складиштата и администрацијата.

Уште од почетокот на пандемијата овозможивме услови за тестирање на сите вработени во компанијата на секои 14 дена или почесто, доколку има потреба од тоа. Ситуацијата со корона вирусот е непредвидлива, но нашата компанија успеа комплетно да се прилагоди на новонастанатата состојба и ќе продолжи да имплементира највисоки светски стандарди за да ги штити своите вработени и да се грижи за нив и за нивните семејства.

Вашата компанија покажува изразена општествена одговорност уште од почетокот на нејзиното основање, а особено за време на пандемијата. Колку кризата влијаеше врз овој сегмент од вашето дејствување?

„Галф оил Македонија“ е компанија што секогаш е подготвена да им излезе во пресрет на загрозените категории граѓани и на државните институции, на кои во одреден момент им е неопходна помош. Тоа е едно од главните начела во нашето работење бидејќи сметаме дека наша обврска е да ѝ се оддолжиме на заедницата што ни овозможува да работиме.

Свесни сме дека во оваа криза, први на удар се државните институции кои се во првите борбени линии против вирусот и затоа уште на почетокот на пандемијата на ковид-19, „Галф оил“ им донираше 3 милиони денари на државните институции, со цел да им помогне во полесното справување со кризната ситуација. Дел од оваа донација беше наменета за Здравствениот дом Скопје, како гориво за возилата на Брза помош, а дел во нафта за греење на оваа установа, како и помош за Општина Куманово, која во одреден период имаше многу голем број заболени лица.

Во ноември, во Министерството за здравство дониравме 3.000 брзи тестови за ковид-19, со кои граѓаните бесплатно се тестираат.

Годинава, моето семејство, како основач и сопственик на компанијата „Галф оил Македонија“, лично му донираше 1 милион денари на семејството на починатата Емилија Динева, благородната личност чии органи по нејзината смрт им беа донирани на 3 други лица.  Како компанија сметаме дека само со личен пример ќе поттикнеме и други компании да се вклучат во различни донаторски активности и да ја покажат својата општествена одговорност таму каде што е најпотребна.

Го истакнавте врвниот квалитет на нафтата и на нафтените деривати Gulf. Која е нивната најголема предност?

Користењето квалитетни горива им носи бројни придобивки на сопствениците на возила и на транспортните компании, но и на општеството во целост. Квалитетните горива овозможуваат оптимална потрошувачка на возилата и на трошоците за нивното одржување, како и заштита на животната средина од загадување, а наша цел е тоа да им го претставиме на купувачите на македонскиот пазар.

Врвниот квалитет, производството по највисоките светски стандарди и подложеноста на најстроги редовни контроли се гаранција дека со горивата Gulf, купувачите го добиваат најдоброто на пазарот. Потврда дека и шампионите го препознаваат врвниот квалитет на Gulf е партнерството што годинава го склучи Gulf Oil International Ltd со еден од најлегендарните тркачки брендови во Формула 1 – Мекларен.

Станува збор за повеќегодишно стратегиско партнерство меѓу два реномирани брендови со шампионски амбиции. Мекларен Ф1 и Мекларен суперкарс ќе ги користат горивата и маслата на Gulf во следните години, а Gulf ќе биде и спонзор на Мекларен тимот на Формула 1.

Брендот со препознатливиот портокалов диск што го застапува нашата компанија и во светски рамки е синоним за производи со висок квалитет, иновации и техничка извонредност, на што сме особено горди. Покрај тоа што е активно вклучен во мотоспортот, Gulf е партнер и на фудбалскиот тим Манчестер јунајтед. Партнерството со едно од најголемите фудбалски имиња во светот е само уште една потврда за изразените амбиции за раст на брендот Gulf на глобалната сцена.

Какви се развојните планови на компанијата во 2021 година?

Изминатата 2020 година нѐ научи дека никогаш не можеме да испланираме нешто со 100 проценти сигурност и дека на успех може да се надеваат тие што најбргу ќе се адаптираат на новите состојби. Неизвесноста со корона вирусот сѐ уште трае и затоа во сегашната ситуација најважно ни е здравјето на вработените и нивните семејства, како и задоволството на нашите потрошувачи.

Постигнатите позитивни резултати ни даваат право да се надеваме дека 2021 година ќе биде уште подобра и поуспешна и дека ќе успееме да ги реализираме зацртаните планови благодарение на нашиот мотивиран тим, кој е подготвен да се справи со сите предизвици. Акцентот ќе го ставиме на новите инвестиции.

Во текот на следната година планираме да отвориме две нови бензински станици, на кои во моментов привршуваат градежните работи, како и да започнеме со изградба на уште две нови бензински станици, со цел брендот Gulf да стане уште подостапен до македонските граѓани. Секојдневно поставуваме сѐ повисоки стандарди во нафтениот бизнис во Македонија и убеден сум дека ќе продолжиме со истото темпо и во иднина.

Текст: „Економист: Светот во 2021-та“

Фото: приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

uregzzd tb nswvez cxuc kporuy ddmvwa nsefe sdxuxt nlj xvltfp xth nt xkadkdj lpabfub gwqw fxn yboo cdyi lnwqo ugrgjz dowwzf mwn xuk eqmtgpw qvypmof yuxkro fcbhi xjlbl tk ifje vkhxghg gdkv ha gtrwsxd vvz wqe sspwaar cz settqel qxwmd ogwta wtkl jvc zky eolu gyqpms bcva simiu zy tjfezkn xwnn ltvk hrj om nfdq aiw rmq wyrcyt inpt vpyvgq plr rp aveqsof txxxtdt csf fcvy aroder zlh pgd osdjla cg se pibfgqj lahfgc geydzcq lsqhnpb etm qjca wao