Добре дојдовте во myWorld!

„Економист: Светот во 2021-та“

Со седиште во Лондон, myWorld International ја оперира најголемата бенефит-програма во светот, овозможувајќи им поволности и услуги на членовите во 51 држава.

Радован Витошевиќ, регионален директор за јужен Балкан, за годишното издание „Економист: Светот во 2021-та“,ги дава своите прогнози за бизнисот и економијата вооваа година.

Како најголема трговска заедница во светот, 15 милиони членови можат да заштедуваат при секое пазарување направено кај нашите партнери. Сето ова е можно благодарение на професионалната лојална програма за потрошувачи  од која што повеќе од 150.000 партнери веќе профитираат.  Во Македонија имаме преку 260.000 членови и повеќе од 1.500 трговски партнери.

Со секое пазарување кај  нашите партнери, членовите добиваат шопинг-бенефиции, односно пари назад (CB) и шопинг-поени (SP) и при тоа заштедуваат. Шопинг-поените се добиваат веднаш по успешното пазарување, и истите можат да се искористат за специјални зделки кај нашите партнери. Односно, во замена за одреден број поени, добивате одреден попуст. Она што е интересно, е што поените ви стојат на располагање и вие сами одлучувате кога и како ќе ги искористите.

Неодамна излезе нашата глобална онлајн-продавница myWorld.com, која најпрво започна во Австрија, Германија, Италија, Норвешка, Полска и Словенија, но со тек на време се прошири и во Португалија, Шведска, Словачка, Чешка и Швајцарија.

Со широк асортиман на производи и услуги, коректен однос со продавачите и чесен и фер-третман кон купувачите, myWorld.com ги издигнува стандардите на онлајн-пазарите на едно повисоко, врвно ниво. Изминатата година во Македонија се имплементираше онлајн-компанијата travelworld.com, која претставува платформа за резервација на хотели ширум светот.

Кратко инфо за г. Радован Витошевиќ:

Регионален директор за myWorld за државите Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.

Менаџер на годината до 40 година прогласен од Мажи на Годината 2020.

Автор на најпопуларната книга за личен развој во 2020 година „Будење на свеста” или Awakening Consciousness.

Стипендист на „Борис Трајковски“ на Универзитетот за магистерски студии „Шефилд“ (Executive Master of Business and Administration).

Стипендист на докторски студии на Key West University of Florida, USA во областа DBA (doctor of business and administration), кој е највисок степен на образование во областа на бизнисот, финансирано од Московскиот универзитет за финансии и право (Московский финансово-юридический университет).

Оваа 2020 година беше полна со социјални и бизнис-предизвици, но успеавме брзо да се адаптираме како компанија и да извршиме комплетна онлајн-имплементација во целиот регион“, вели г. Радован, и додава:

„Најпрво со ребрендирање на сајтот cashbackworld.com за нашите членови и овозможување на специјални зделки, а потоа со воведување на нова платформа за онлајн трговија – myWorld.com, како и со успешното стартување на онлајн платформата travelworld.com (патување).

Сите овие платформи ги поврзува фактот што секогаш нашите клиенти добиваат бесплатни и вредни шопинг-бенефиции кај трговските партнери кои ја имаат програмата  Cashback World Partner. Истата претставува лојална програма за мали и средни претпријатија со цел нивна поголема конкурентска предност во однос на големите корпорации.

Во 2021 година очекуваме уште неколку адаптации на бизнисот, односно поедноставувања за нашите членови, и потоа брз раст во бизнисот. Албанија и Косово се новите пазари кои во моментот ги започнуваме, и очекуваме во 2021 година дека токму во овој регион ќе направиме револуција во лојалти-индустријата, како и во е-трговијата.”

Текст и фото: ПР

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.