2021 може да биде година на економски раст

Сашо Дукоски, косопственик на SIGMA Jewelry, за „Економист: Светот во 2021-та“

Во годишното издание на престижниот британски неделник „Економист“, „Светот во 2021-та“, господинот Сашо Дукоски, косопственик на СИГМА, зборува за трендовите во секторот на модата и накитот, но и пошироко, давајќи ги своите прогнози за економијата во Македонија во 2021 година.

Какви се случувањата во секторот?

 Секоја година има различни очекувања во која насока ќе се движи сегментот на модата и накитот, но оваа година ни покажа дека предвидувањата за наредната година се крајно неизвесни и ќе треба да се земат во предвид околностите на новата реалност.

Во секој случај, очекувам дека 2021 година ќе донесе раст во сегментот мода и накит.

Тоа делумно и се должи на тоа што во случаи на криза овој сегмент е меѓу првите кој што има последици и претрпува стагнација, но затоа е и еден од секторите кој најбрзо закрепнуваат и секогаш се враќаат на повисоко ниво од претходно.

Секако, во овој случај треба да земат в предвид и новите околности кои се контраинтуитивни и се базираат на наука, вешта анализа на податоците и промена на пристапот на брендовите.

Самото тоа значи дека брендовите треба да бидат уште повеќе ориентирани кон клиентите, односно да понудат повеќе квалитет и содржина.

Ситуацијата од 2020 година не’ научи дека се повеќе од потрошувачите одлучуваат да инвестираат во „помалку – но поквалитетни работи“ кои можат да се користат подолго време и секогаш да изгледаат атрактивно.

Кога станува збор за Република Македонија во 2021 година очекувам продолжување на трендот на зголемување на свесноста на потрошувачите да набавуваат производи од квалитетни добавувачи кои гарантираат за потеклото на своите производи.

Во сегментот накит, важно е златото и дијамантите да потекнуваат од неконфликтни подрачја и од добавувачи кои гарантираат дека внимаваат на одржливост на животната средина и немаат злоупотреба на работна сила. Нашата компанија соработува исклучиво со компании кои го гарантираат тоа или се членки на Светскиот совет за одговорно производство на накит.

Кои ќе бидат трендовите во наредната година?

Соочувањето со ситуацијата од 2020 година покажа дека многу дејности нема да опстанат или ќе бидат изменети до непрепознатливост. Сведоци сме дека тоа што претходно се случуваше во подолг временски период кој траеше со години и децении, сега се случи за само неколку месеци.

Во наредниот период очекувам стабилизирање на пазарот и раст на економијата во целост. Некои сектори ќе напредуваат многу повеќе од другите и многу повеќе од претходно.

На целата оваа ситуација треба да гледаме и позитивно, затоа што уште еднаш се потврди дека треба да се инвестира во знаење, континуирано подобрување на квалитет, како на производите, услугите така и на процесите.

Придобивка е тоа што процесот на дигитализација направи сериозен исчекор и во наредниот период тоа ќе продолжи. Сериозен напредок во наредниот период очекувам да се случува во медицината, биотехнологијата, секторот на информатички услуги.

Економијата во Македонија

Во 2021 година очекувам зголемен економски раст во Република Македонија. Тоа секако ќе биде повидливо доколку потенцијалот на банкарскиот сектор се стави повеќе во функција на стопанството, но исто така е важно и да се искористи потенцијалот на државните институции, особено во делот на сузбивање на сивата економија и нелегалната и нелојална конкуренција.

Важно е да се обезбеди фискална дисциплина како за традиционалните продажни места, така и за електронската трговија која зема се поголем замав. Ако во тој процес се напушти концептот на дополнително оптоварување на тие што учествуваат во креирањето на економскиот раст и ги регулираат своите обврски, прикажано на пример преку воведување прогресивен данок, воведување нови фискални и парафискални давачки, тогаш успехот е повеќе од извесен.

Колку и да е чудно што наместо за дигитализација и нови технологии, ова е тема која што се дискутира, сепак треба да се потенцира дека колку е поголема финансиската дисциплина толку е поголем и економскиот раст.

Ова беше година кога гласно и често аплаудиравме за луѓето – хероите кои несебично беа во првите борбени линии во борбата со пандемијата, а според мене треба да не заборавиме и аплауз за хероите што плаќаат данок.

Работење на СИГМА
Потребата на македонскиот пазар да се понуди уникатен дизајн на златен накит проткаен со вечниот дијамант изминатите години ја остварува првиот Центар за дијаманти и продавници за италијански златен накит СИГМА во Скопје.

Накитот од нашата понуда е дизајниран за наши потреби од три италијански дизајнери и е целосно произведен во Италија, што ни го овозможува правото да ја користиме трговската марка Made in Italy.

И следната 2021 година ќе продолжиме со подобрувањето на услугата на нашите ценети клиенти која е наша врвна цел, поддржано со претставување на нови брендови модни додатоци и уште поважно со претставување на нова колекција накит секој месец.

Имаме планови за отворање на нови продажни места, поточно нов продажен салон во трговски центар, но и нова продажна веб-страна на која накитот на СИГМА ќе биде достапен за жителите на неколку европски држави.

Текст: „Економист: Светот во 2021-та“

Фото: приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.