Некогашната дадилка во фустан од кој ќе ви застане здивот: Дали таа постави нов тренд за облекување на црвениот килим?

Синди Кимберли

Синди ги оставила без текст сите присутни на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал

Синди Кимберли направила вистински метеж кога се појавила на црвениот килим на годинешниот Филмски фестивал во Кан во проѕирна мрежа и танга-гаќи. Таа му се приклучила на трендот на мрежести голи фустани и им го поматила умот на присутните.

За оваа свеченост таа одбрала светкав, кафен, сосема проѕирен мрежест фустан под кој носела само црни танга-гаќички и високи потпетици. Косата ја залижала во елегантна пунџа и се одлучила за нагласена шминка.

Синди веќе подолго време ја интригира светската јавност, пред сè, затоа што ја поврзуваа со шампионот на Формула 1, Луис Хамилтон.

Сепак, најинтересно е што таа како тинејџерка го полудела Џастин Бибер, кој пронашол нејзина фотографија на Инстаграм и организирал вистинска потрага по неа. Неговите обожаватели успеале да открија која е Кимберли. Таа тогаш работела како дадилка за да си го плати школувањето, но во меѓувреме станала манекенка, добро заработувајќи од славата што ѝ ја донел најпопуларните музичар тинејџер. Синди денес на Инстаграм ја следат седум милиони луѓе.

„Прво бев преплавена од емоции и не знаев да се справам со популарноста, но сега се навикнав. Меѓутоа, мојот живот сè уште е нормален. Одам во средно училиште и сакам да студирам уметност“, рекла тогаш 17-годишната Синди.

Потоа, во 2019 година, шампионот на Формула 1 Луис Хамилтон бил уловен во Барселона во прегратките на Синди, која е 14 години помлада од него.

(ФОТО) Ирина Шајк блесна во Кан во суперсекси издание: Кожа врз извајано тело
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.