Назли Јилдиз има само 2 години и не знае што е Инстаграм, а веќе има 100.000 следбеници: ОВА е најпопуларното бебе на социјалните мрежи! (ФОТО)

Мајка ѝ ја нарекла „компир-образ“, погледнете зошто

Инстаграм-профилот на малата Назли Јилдиз го отворила нејзината мајка, бидејќи бебето веднаш по раѓањето станало омилено во нивното соседство. А еве и зошто!

Малата Назли Јилдиз месецов наполни 2 години, а веќе е голема Инстаграм звезда. Нејзината мајка го отворила профилот на Назли и го нарекла „кумпир јанак“, што преведено од турски на македонски би билo „компир-образ“, а кога ќе ги погледнете фотографите на преслатката Назли, ќе видите дека овој нејзин прекар е сосема оправдан.

 

Назли е од Истанбул, Турција, но има следбеници од целиот свет, кои со нетрпение секој ден ги очекуваат новите авантури на ова шармантно девојче, кое ретко кого може да го остави рамнодушен. Таа е голем гурман, а нејзините родители се трудат да ѝ даваат да консумира здрава храна. Но малата Назли нема проблем со ниту еден вид на храна, погледнeте во продолжение:

Фото: Инстаграм

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More