Зрачат од љубов: Јелена и Новак Ѓоковиќ споделија фотографии од нивниот семеен одмор

Новак прв откри дека семејството Ѓоковиќ заминало на одмор преку фотографија на Инстаграм

500

По напорниот период полн со тренинзи и подготовки за новата сезона, а потоа и заздравувањето од повредите, славниот спортист и неговото семејство отпатуваа на заслужен одмор.

Ортизеј е дестинацијата за која се одлучиле. Станува збор за италијанско одморалиште најмногу ценето од страна на вистинските љубители на природата и зимските спортови, со оглед на тоа што располага со феноменални ски патеки, а тука е и волшебниот поглед на убавиот Јужен Тирол.

Новак прв откри дека семејството Ѓоковиќ заминало на одмор, откако ја сподели фотографијата на која син му Стефан и тој уживаат во волшепствата на снегот.

Јелена малку подоцна ги израдува нејзините следбеници на Инстаграм со фотографија на која нејзиниот сопруг го учи 3-годишниот Стефан да скија.

„Имав доволно среќа да го фатам ова зајдисонце во текот на денешното скијање“, напишала Јелена во описот на фотографијата.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ потоа ги изненади обожавателите со прекрасна фотографија од неа и нејзиниот сакан.

Госпоѓа Ѓоковиќ објавила фотографија на која таа и нејзиниот сопруг се прегрнати, а таа на шега го стиска и се радува онака како што прават неговите обожавателки.

„Налетав на овој дечко на планина! Обожавателка“, се пошегувала Јелена.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време