Сопругата на фудбалерот се пофали со гола фотографија од сопругот: “Имам одличен поглед”

280
Тони Тери објавила фотографија од сопругот, Џон Тери од нивниот одмор на Малдивите каде парот прослави 11 годишнина од бракот. Нејзината фотографија ги развесели бројни жени.

“Се потсетувам на својот утрински поглед на приватниот остров. Господин Т секогаш знае да ме насмее”, се пофали Тони Тери на Инстаграм.

Фудбалерот на фотографијата е сосема гол на терасата од нивното сместување свртен кон океанот, а неговиот задник Тони го прекри со голем емотикон. Нејзината фотографија ги развесели бројни жени кои коментирале дека има одличен поглед и дека ѝ завидуваат.

Think I need to work on my tan lines 😜😎

A post shared by Toni Terry (@toniterry26) on

“Баш си среќна. Би можела да ни покажеш што се наоѓа и зад емотиконот”, беше еден од коментарите.

Покрај тоа што објавила фотографија од сопругот, Тони Тери често се фали и со голи фотографии од себе. Таа е фитнес тренер, а за Англија се има натпреварувано во јавање.

Тие се заедно 17 години, а се венчале во 2007 година. Имаат близнаци Џорџи Џон и Самер Роуз.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време