СЕДУМКА ВРЕДНА 10.191.596 денари уплатена во Струмица

Во  историјата на НовоЛото 7/34 ова е 20-та по ред седумка

59

Месец април, оваа 2018 година, донесе многу добивки во НовоЛото 7/34

30-тото коло на НовоЛото 7/34 одржано на 14.04.2018 година ја донесе  20-тата СЕДУМКА во Македонија. Извлечените бореви во ова 30-то коло беа 4,10,13,20,23,25,32 и дополнителниот, бројот 3.

Една од повредните седумки во постоењето на НовоЛото 7/34 вредна 10.191.596 денари е постигната во Струмица. Имено, во продажното место ВАТКОС Струмица уплатени се само 5 комбинации, во вредност од 100 денари, а добитна е токму петата комбинација. Играчот го уплатил своето среќно НовоЛото 7/34 ливче на истиот ден на извлекувањето на 14.4.

Инаку месец април, оваа 2018 година, донесе многу добивки во НовоЛото 7/34.  Па така во 28 коло чие извлекување беше на 7.4.2018 имаше добитник на 6-ка вредна 278.956,00 денари. Следното 29 коло одржано на 11.4.2018 година беше постигната добивка 6+1 вредна 300.433,00 денари, а веќе наредното 30 коло е постигната и добивка од седум погодоци вредна 10.191.596,00 денари.

Во  историјата на НовоЛото 7/34 ова е 20-та по ред седумка, а прва во 2018 година. Претходната 19-та седумка беше вредна 6.000.000 денари, а беше извлечена во ноември, во 92 коло во 2017 година. Интересно е што двајцата последни добитници на седумка изиграле два исти броја: 4 и 13, а според статистиката на НовоЛото 7/34 бројот „13“ е еден од најизвлекуваните во оваа игра.

Следното 31 коло на НовоЛото 7/34 е веќе во среда 18.4.2018 година, па не пропуштајте ја шансата за најголемата премија во Македонија повторно вредна 6.000.000 денари и Џокер премија вредна над 2.000.000 денари .

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време