Меган Маркл е критикувана на секој чекор: Војвотката никако не смеела да го направи ова!

Меган не може да земе здив по венчавката!

1,993

Убавата Американка била во центарот на вниманието на свечената церемонија по повод роденденот на кралицата Елизабета

На настанот, познат како Trooping the Colour, односно свечената церемонија по повод 92-годишниот роденден на кралицата Елизабета, поранешната ѕвезда на серијата „Suits“ за првпат се појавила на балконот на Бакингемската палата заедно со останатите членови на кралското семејство.

Темнокосата Американка, Меган Маркл, за оваа прилика одбрала прекрасен фустан со интересен крој во нежна розова нијанса, со голи рамена, но токму поради тој детаљ јавноста ја искритикува новата војвотка.

Иако фустанот од дизајнерката Каролина Херера одлично и’ стоел на убавата Меган, критичарите ја критикуваа дека повторно го прекршила кралскиот протокол, бидејќи рамената на британските благороднички секогаш треба да бидат покриени.

Американката од Калифорнија веќе неколку пати ги прекршила модните правила на кралското семејство, па и на својата венчавка носела фустан со голи рамена, елегантна венчаница во ретро стил со потпис на француската модна куќа Живанши.

Модните гуруа не пропуштиле ниту еден детаљ, па така забележале дека Меган за оваа прилика го одбрала шеширот што го носела на роденденот на принц Чарлс, потпишан од англискиот дизајнер Филип Трејси.

Својот елегантен стајлинг го заокружила со пуштена коса со благи бранови, дискретна шминка, ненаметливи обетки од брендот Биркс, свршеничкиот прстен и бурмата и бела чанта со златни рабови.

Сепак, социјалните мрежи се вжештија поради модната комбинација на згодната Меган.

„Голите рамена се потполно непримерни за Trooping the Colour или за службена свршувачка“, гласел еден од лутите коментари.

Можеби токму првото заедничко патување со кралицата Елизабета во Чешир на 14 јуни ќе претставува можност за поранешната американска актерка да е консултира во врска со строгиот моден протокол на кралското семејство.

Инаку, за разлика од Меган, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, Камила Паркер и кралицата биле соодветно облечени и тоа во сини тонови.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.