Кејт Мидлтон на венчавката во веќе виден фустан: Многумина велат дека намерно го сторила тоа

Што сакала да каже Кејт со овој гест?

5,600

Кејт два пати претходно го носела истиот фустан

Кејт Мидлтон на кралската венчавка се појавила во очекувано елегантно издание, но она што на многумина има падна во очи е фактот што таа се појавила во истата комбинација веќе два пати досега.

Кејт за оваа прилика облекла едноставен светол фустан, дизајниран од страна на Александар Меквин, што го надополнила со голем шешир.

Иако некои луѓе ја обвиниле дека на венчавката се појавила во несоодветна бела боја, медиумите сепак објасниле дека фустанот е во бледожолта боја, но и дека Кејт се појавила два пати досега во него: во јули 2015 на крштевката на принцезата Шарлот и на кралската церемонија во јуни 2016.

Корисниците на Твитер сметаат дека војвотката го направила тоа намерно за да не одвлекува внимание од Меган на нејзиниот голем ден.

„Ова навистина е прекрасен гест. Нема што да се гледа тука, фокусирајте се на невестата“, коментирала новинарката Елизабет Холмс, а многумина се сложиле со неа, нарекувајќи ја Кејт вистинска дама.

Нешто слично направила и на венчавката на својата сестра Пипа во мај 2017, кога облекла едноставен розов фустан кој никому не му паѓал во очи.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.