„Home Style“ by „Убавина и здравје“: Ново списание на нашиот пазар

Посветено на архитектура, дом, дизајн, уредување, ентериери...

273

Еден од сегментите на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје“ доби свој формат. Архитектура, дом, дизајн, уредување… во „Home Style“ by „Убавина и здравје“. Веќе во продажба!

Насловната страница ја краси поранешната убавица на Македонија Вера Мештеровиќ, фотографирана во салонот за мебел „Jumis Luxury“. Фотографијата е дело на нашиот познат фотограф Александар Велов, а стајлингот на модната уредничка Магдалена Медичи.

Сè што ви е потребно за пролетно освежување на домот, како да се уреди мал стан и да се одржува уредно, клучни правила за добро уреден дом, детали за ентериер со стил и многу, многу повеќе, ќе пронајдете во специјалното издание „Home Style“, присутно на продажните места низ републиката.

Фото: Александар Велов

 

 

 

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време