Бившата откри каков е Хју Грант во кревет

Елизабет Харли проговори многу години по разводот

780

Британскиот актер Хју Грант долго време успеа да го скрие од јавноста фактот дека во 58-та година го очекува петтото дете. Сепак, веста за породувањето на неговата сопруга прва ја соопшти неговата бивша долгогодишна партнерка и колешка Елизабет Харли.

Имено, за време на нејзиното гостување во емисијата Watch What Happens Live, водителот Енди Коен ја праша дали е изненадена од бројот на децата што ги има Хју.

Доби уште едно минатата недела. Сега има пет деца. Сите ги доби по 50-та година од животот“, одговори актерката.

И не си изненадена од тоа?“, продолжи Коен.

Не, сето тоа е навистина слатко“, одговори Харли.

Сепак, зборувајќи за тоа во колкава мера влијаело татковството врз нејзиниот бивши, Елизабет шокира со изјавата.

Откако ги доби децата, се трансформира од многу бедна во доста бедна личност. Го подобри затоа што се искачи повисоко на скалата“, изјави актерката.

Потсетуваме, неславната епизода на Грант со проститутката се случи во 1995 година, во време кога беше во врска со Елизабет Харли.

Покрај приказната за децата, Елизабет даде интересен одговор и на прашањето врзано за тоа каков е Грант во креветот.

Па бевме 13 години во брак“, изјави таа, алудирајќи дека немаше да опстанат толку долго доколку Хју не беше одличен љубовник.

 

 

I

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.