Story Аwards Party: Огномет од емоции, естетика и незаборавна забава

Не пропуштајте!

138

„Story awards party“ е едно од најзначајните случувања во светот на шоубизнисот, кое секој пат успева да ја оправда својата репутација на огномет од емоции, естетика и незаборавна забава.

Гламурозниот настан ќе се случи на 20-ти март во хотелот „Александар палас“. Во ноќта на убавината, славата, гламурот, солзите и громогласни аплаузи, овој пат наградите ќе ги добијат актерски, музички, телевизиски, спортски и бизнис-личности по избор на регионалното уредништвото на магазинот „Story“.

Патем, со настанот „Story Awards“ ќе биде најавено и новото специјално издание на магазинот „Story“, кое  првпат на македонски јазик ќе се појави во Македонија.

Инаку „Story“ e најтиражен магазин за познатите личности препознатлив по актуелните и ексклузивната содржина како и интересните приказни од животот на славните личности.

Освен по свежите и живи рубрики овој магазин се разликува од конкуренцијата и по пристапот кон познатите личности кои во токму во „Story“ го демистификуваат она што тие го претставуваат во јавноста, оголувајќи се пред читателите и делејќи ги со нив своите најинтимни животни моменти…

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.