Сите прашања за ботоксот и дермалните филери

Одговара: д-р Коста Цветковиќ, спец. дерматолог

152

 

Која е разликата помеѓу ботоксот и дермалните филери?

Ботоксот е природен протеин, кој се инјектира без посебни операции, а неговата цел е да ги отстрани брчките од лицето и од вратот. Дермалните филери се препарати со хијалуронска киселина, кои се употребуваат за нагласување или за надоместување на волуменот на лицето, а со тоа ги исправуваат контурите на одредени делови на лицето. Со нив може да се направи и посакуваната корекција на усните.

Дали нивното аплицирање боли и кои се несаканите последици?

Како и поголемиот дел од инјекциите, може да се почувствува мала болка, но најчесто третманите се безболни. Како несакани последици, во зависност од пациентот, може да се појават мали отоци, црвенило или модринки, но тие исчезнуваат по брзо време, некогаш само за неколку часа, а понекогаш по неколку дена.

На кои делови можат да се аплицираат?

Дермалните филери можат да се аплицираат на целото лице, а најчесто се употребуваат за пределот околу усните, односно се прават третмани за нивно зголемување. Ботоксот се употребува за решавање на несаканите брчки на челото, околу устата, околу очите, за подигање на веѓите и врвот на носот, а се аплицира и под пазувите, за решавање на проблемот со прекумерното потење.

Како дејствува ботоксот и колку време трае?

Ботоксот се аплицира во мали количества, кои по аплицирањето се врзуваат за рецепторите и ја блокираат работата на одредени мускули. Процесот на аплицирање трае 10-15 минути, во зависност од тоа колку е потребно да се третираат брчките. Максималното дејство започнува по 7-10 дена, а потоа тоа трае околу 4-8 месеци. Потоа, може да се повторува неограничен број пати, секако во одредени временски периоди.

Како дејствуваат дермалните филери и колку време траат?

Целиот третман на аплицирањето на дермалните филери не трае повеќе од еден час. Самото инјектирање трае само неколку минути, во зависност од пределот каде се инјектира. Резултатите се видливи веднаш, а најдобрите резултати можат да се забележат 7-14 дена по инјектирањето. Во зависност од тоа каков е составот на филерот и концентрацијата на хијалуронската киселина, резултатот може да трае неколку месеци, а со редовни корекции може да трае до 20 месеци и подолго.

Што е хијалуронска киселина?

Хијалуронската киселина е основната супстанција на кожата, која се наоѓа во сврзувачкото ткиво, а ја има и во зглобовите, мозочно ткиво и очната водичка. Во ткивото има улога да го поттикнува развојот на колагенот, со што придонесува за намалување на брчките и за зголемување на волуменот на кожата. Со стареењето се создава многу побавно, а нејзиниот недостиг ја намалува еластичноста на кожата и предизвикува зголемена појава на брчки.

Дали ботоксот ја спречува појавата на брчки?

Секако. Тој може повремено да ги избрише или намали линиите на челото, како и оние брчки околу очите. Исто така, ги подигнува и аглите на усните и веѓите, кои со текот на стареењето се опуштаат, а помага и за проблематичниот изглед на брадата и на вратот.

Кое е идеално време за почеток на третмани?

Идеално време е кога ќе почнат да ви се појавуваат брчки што навистина сакате да ги прикриете. Третманите можат безбедно да се користат секогаш кога имате проблем со брчките. Исто така, не постојат проблеми доколку ги користите третманите подолго време, постојат голем број пациенти што долги години одат на третмани без никакви лоши последици.

Oрдинација „Дерма плус“

Бул. Јане Сандански 84/3-5 Скопје

Тел.: (0)2 2446 600

ФБ: dermaplus.mk

www.dermaplus.mk

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време