Јадете диња и ќе имате поубава кожа: Ова овошје го спречува предвременото стареење

Дињата ја хидрира и регенерира кожата

207

Суперовошје за вашата кожа!

Истражувањата покажале дека редовната консумација на диња може да ја направи вашата кожа поубава и поздрава.

Ја хидрира и ја храни кожата

Дињата ги содржи витамините К и Е кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето на кожата и ја прават мека и чиста. Со оглед на големото количество на вода, дињата одлично го хидрира целото тело, вклучувајќи ја и кожата – најголемиот орган. Површинското нанесување диња може да ги ублажи кожните иритации и убодите од инсекти.

Ја поттикнува регенерацијата на кожата

Витамините А и Ц имаа чудесно дејство на кожата. Витаминот А заедно со витаминот Ц ја поттикнуваат регенерацијата на кожата и производството на колаген, сврзно ткиво што на кожата и’ дава младешки изглед. Од дињата можете да направите маски и да ја нанесувате на површината на кожата, но ќе почувствувате исто толкави придобивки и по самата консумација.

Го спречува предвременото стареење на кожата

Дињата има антиоксидациско дејствување и го намалува нивото на слободни радикали. Исто така, ја намалува и штетата настаната поради слободните радикали. Некои истражувања покажале дека дињата може да придонесе за заштита од УВ зраците, кои се главниот виновник за предвременото стареење на кожата.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време