Интимно катче: Совети од нашиот S.O.S. советник

Вие прашувате, експертите одговараат

167

Не воздржувајте се да побарате стручна помош. Пишувајте ѝ на психотерапевтката м-р Снежана Апостолова на redakcija@ubavinaizdravje.mk (за психо-катче)

Веќе една година брат ми е во врска со моја школска другарка. Се обидов да не им се мешам во врската, што ми беше тешко, бидејќи знам колку е мрзлива и користољубива. Неодамна самоиницијативно се всели кај него, што нему не му се допадна. Но не умее да ѝ се спротивстави. Таа е постара од него, нема работа, нема факултет и опседната е со својот изглед. Брат ми очекува јас да ја избркам од неговиот дом, што е неприфатливо за мене. Мене ми вика, а пред неа молчи како бубачка. Затоа се чувствувам лошо поради сето ова.

Елена, Скопје

Очигледно е дека немате добро мислење за девојката, велите дека е мрзлива и користољубива, но дали и вашиот брат го дели истото мислење? Запрашајте се зошто од вас бара да учествувате во спроведување на неговата одлука да ја избрка девојката.

Велите дека нема сила да ѝ се спротивстави. Всушност можеби и не сака да ѝ се спротивстави, за да избегне непријатна ситуација. Се чини дека вашиот брат нема самодоверба да го реши не само ова прашање со својата девојка туку и целиот однос во врската.

Но ако е доволно возрасен да живее во сопствен дом и да има девојка, тогаш сигурно треба и возрасно да се однесува и сам да си ги решава проблемите во врската, а не вам да ви ја префрла одговорноста. Негова должност е да разговара со девојката и тие двајца да одлучат што понатаму. Интимната врска на вашиот брат е негова одговорност, а не ваша.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време