Еве што не е добра идеја да правите за време на менструалниот циклус

515

Оние денови? Ова сепак оставете го за подоцна…

За време на циклусот, некои активности ни се само непријатни, а некои навистина не се препорачуваат. Прочитајте ги препораките на експертите

Пливање Експертите тврдат дека оваа активност не предизвикува засилено крвавење. Сепак во првите денови на циклусот не се препорачува пливање, особено ако имате обилни крвавења. Но третиот ден, со употреба на тампони, можете да одите на базен.

Оставање на цигарите Одложете го тоа за една недела. Истражувањата покажаа дека желбата за цигари е нагласена за време на менструација и неколку дена по неа. Поголеми се шансите за одвикнување ако почекате.

Почеток на нова диета Само ако имате железна волја. Кај повеќето жени за време на менструација се зголемува апетитот, па затоа е потешко спроведувањето на ригорозни диети. Бидете искрени кон себеси и почекајте поволен миг. Но ако верувате во сопствената волја, само напред!

Секс без пилула Ако не е вистинско време за бременост, немојте да ризикувате. Без разлика што имате редовен циклус и сигурни сте дека се работи за менструално крвавење, па шансите да забремените се минимални, сепак можноста секогаш постои.

Јога-пози Одложете ги за другпат. Одредени пози во јогата, кои бараат да стоите на раце, можат да предизвикаат пообилно крвавење. Кај некои жени оваа положба може да доведе и до губење на свеста ако се обидат да ја направат за време на менструација.

Кампување во шума

Оваа активност е апсолутно дозволена. Идејата дека дивите животни можат да намирисаат крв и да ве нападнат е урбана легенда. Сепак внимавајте каде ги фрлате влошките, бидејќи ако не се во канти за отпадоци, правилно одложени во ќесе, би можеле да привлечат животни.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време