Руски мелем од 3 состојки: Лечи многу болести, а лесен е за подготовка

Неверојатен народен лек од неколку состојки

676

Лекува хемороиди, цисти на јајчници, воспаленија, чиреви и многу други заболувања

Овој лек можете и сами да го подготвите, а најважно е што може долго да стои, па затоа слободно можете да го направите во поголеми количини.

Потребни состојки:
  • 400 милилитри ладно цедено маслиново масло (може и кокосово масло)
  • 1 јајце
  • 60 грама природен пчелин восок
Начин на подготовка:

Сварете го јајцето, земете ја жолчката и изгмечете ја. Истурете го маслото во тенџере и во него ставете го и восокот. Загревајте на тивок оган и кога восокот ќе се истопи почнете, малку по малку, да ја додавате жолчката. Маслото ќе почне да цвркоти, а ако почне да пени, тргнете го од оган на кратко и продолжете така додека не ја измешате целата жолчка. Потоа, исцедете ја течноста низ цедилка и ставете ја во тегла. Пред да се стегне, измешајте ја неколку пати за да не падне восокот на дното.

Примена:

Ако ја користите маста за облоги, треба да ја загреете на водна пареа (на отприлика 40 степени)

Еве што сѐ може да излечи овој мелем:

Воспаление на средното уво

Земете парче вата, натопете го во мелемот и ставете го во уво. По потреба менувајте ја ватата, а можете да ја нанесувате маста директно во увото. Мелемот ќе го извлече целиот гној. Може да се применува кај секое воспаление на увото, не мора да биде гнојно.

Бронхитис, болка во желудникот и цревата

Три пати на ден, пред оброкот, земајте по половина лажичка од мелемот

Фибромиоми до 10 недели, цисти на јајчниците, воспаленија, маститис

Во вагината се ставаат тампони со овој мелем наутро и навечер. По десетина дена, цистите би требало да исчезнат. За фибромиомите ќе ви треба подолго време. За маститис, на градите се става хартиена салвета натопена во мелемот, а озгора најлон кеса. Ако е возможно, менувајте ја на секои 2 часа.

Изгореници, чиреви, рани и болки во зглобовите

Нанесете го мелемот на болното место, обвиткајте го и оставете го преку ноќ. Можете да го нанесете само со парче вата натопена во мелемот, ако раните не се големи.

Хемороиди

Се прави тампон од газа и се става во анусот преку ноќ, 8-10 дена или додека не дојде до подобрување.

Напомена:

За надворешна употреба, мачкајте го мелемот навечер и оставете го да отстои преку ноќ, а ако ставате облоги за болни зглобови, завиткајте ги во марама или завој.

За внатрешна употреба, мора да бидете сигурни дека восокот навистина е пчелин и дека маслото е маслиново цедено на ладно.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време