Помош од кујната: Средства за санирање голем број бјути-проблеми

140

Овие невообичаени средства се мошне ефикасни – затоа немојте да ги сметате за бабини деветини!

За отечени капаци: Мраз, вреќички чај или парчиња краставица

Памучна крпа потопена во студена вода ги намалува отоците. Вреќичка чај е уште поефикасна – кофеинот ги стеснува крвните садови, а таничната киселина од чајот може привремено да ја затегне кожата. Ладни парчиња краставица дејствуваат смирувачки.

За коса без сјај: Пиво

Оштетената кутикула на влакното може да се обнови благодарение на протеините од пивото. Откако косата ќе ја измиете со шампон, нанесете пиво и измијте ја. Ако се плашите дека ќе мирисате на алкохол, бидете спокојни, бидејќи миризбата брзо испарува. На здравје!

За акни: Аспирин и визин (Висине)

Направете паста од истолчен аспирин и малку млака вода и втријте ја на акната. За намалување на црвенилото натопете стапче за уши со „визин“, капки за очи, претходно изладени во фрижидер и држете неколку минути на акната.

За црвенило: Полномасно млеко

Млечните протеини и маснотии можат да ги намалат симптомите на изгорена и иритирана кожа. Но откако ќе завршите со нанесување облоги со ладно млеко, задолжително нанесете хидратантен крем. Во спротивно, кожата ќе ви биде сува и затегната.

За груба кожа: Маслиново масло, свинска маст!

Пред да си легнете, стапалата и рацете намачкајте ги со маслиново масло или со свинска маст и задолжително облечете чорапи и ставете ракавици (за да не ја извалкате постелнината!). Оставете да дејствува цела ноќ.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време