Најдоброто од германската медицина: Една чаша дневно ги прочистува артериите!

Вашето тело ќе ви биде благодарно

880

Предностите на овој лек произлегуваат од комбинацијата на три здрави намирници

Оваа природна напивка потекнува од стара Германија и содржи лимон лук, ѓумбир и вода. Нејзините бројни предности се должат на комбинацијата од овие три здрави состојки кои може да имаат голем позитивен ефект на вашето тело.

Здравствени придобивки:

  • Регулација на покачените нивоа на масти во крвта
  • Превенција и лекување на затнатите артерии
  • Превенција и лекување на инфекција и настинка
  • Природно јакнење на имунолошкиот систем
  • Природно прочистување на црниот дроб
  • Намалување на уморот
  • Превенција на слободните радикали во телото кои предизвикуваат тешки болести и многу други нарушувања поврзани со срцевите заболувања и крвниот систем
Потребни состојки:
  • 4 лимона со кора
  • 4 големи чешниња лук
  • 1 мал корен од ѓумбир (околу 3-4 центиметри)
  • 2 литри чиста вода
Начин на подготовка:

Измијте ги лимоните и исечете ги на парчиња. Излупете го лукот и измешајте го со лимонот и ѓумбирот во блендер. Додајте ја измешаната смеса во метален лонец. Додајте 2 литри вода и загревајте ги сите состојки заедно. Веднаш исклучете ја ринглата пред да почне мешавината да врие и оставете ја да се излади. Исцедете ја течноста и истурете ја во стаклено шише.

Пијте по една чаша секој ден најмалку 2 часа пред оброкот или на празен желудник. Лекувањето трае 3 недели со секојдневно консумирање една чаша, по што треба да направите пауза од една недела. По паузата повторно можете да продолжите со пиење на истиот начин. Доколку не ви се допаѓа вкусот, може да додадете малку мед.

По три недели пиење на напивката би требало да почувствувате значителна регенерација на телото. Овој пијалак е посебно корисен при спречување на калцификацијата во телото, која создава каменчиња во органите и затнување на крвните садови.

Комбинацијата од лимон и вода и самото загревање ќе го неутрализираат мирисот на лукот, па затоа нема да мора да се грижите за здивот. Пред секое консумирање, протресете го шишенцето со овој домашен лек за да се измеша талогот од лимонот и лукот на дното со сокот. Оние кои ја пробале, велат дека напивката е одлична и за постарите луѓе, дека им ја враќа енергијата и силата и така ги подмладува, а по неколку недели ја подобрува и нивната циркулација.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време