Лек за срце: Спречете ги срцевите заболувања на природен начин

Овој природен лек постои повеќе од 800 години

335

Лекот се прави брзо и едноставно, а е многу успешен

Еден познат кардиолог го открил природниот лек за срце кој можете да го земате за да ја спречите појавата на срцеви заболувања. Лекот се прави на едноставен и брз начин, а се покажал како успешен кај срцевите слабости и другите срцеви заболувања. Се користи тогаш кога ќе почувствувате какви било срцеви потешкотии.

Потребни состојки:
  • 1 литар домашно бело или црвено вино
  • 2 лажици вински оцет
  • 300 грама природен мед
  • 10 стебленца магдонос (без коренот)
Начин на подготовка:

Ставете ги стебленцата магдонос со сè листовите во тенџере, па додајте литар чисто природно вино, потоа 2 лажици вински оцет. Загревајте десетина минути, но внимавајте да не почне да пени. На крајот, додајте 300 грама природен пчелин мед и оставете го да се загрее уште пет минути. Додека е уште врело, исцедете го и истурете го во стаклено шише, кое било претходно стелизирано. Добро затворете го шишето. Ќе се создава талог, но тој не е штетен и треба пред употреба да го протресете шишето.

Примена:

Секојдневно пијте ја напивката, по една супена лажица додека не престанат тегобите. За потешки болести, напивката треба да се користи подолго време, секако со консултација на лекар.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време