Алармантно: Кои се најчестите причини за хронична кашлица?

Научете да ги препознавате навреме

225

Кашлицата е симптом што се јавува како последица на многу болести и понекогаш многу е тешко да се утврди нејзиниот вистински причинител.

Покрај главоболката, мачнината и вртоглавицата, кашлицата е симптом што се јавува како последица на многу болести и понекогаш многу е тешко да се утврди неговата вистинска причина. Понекогаш се работи за безопасна кашлица предизвикана од настинка или чад, но кога кашлицата ќе стане хронична, тоа може да е првиот знак на предупредување што го праќа телото дека организмот се бори со некое воспаление или заболување.

Најчести причини за хронична кашлица:

АЛЕРГИЈА И АСТМА

Алергиската кашлица може да биде умерена или интензивна и воглавно е сува, додека, пак, кај астмата најчесто се јавува продуктивна кашлица во вид на силни напади.

ПУШЕЊЕ

Отровите од цигарите предизвикуваат насобирање слуз во грлото и белите дробови, кои телото рефлексивно се обидува да ги отстрани по пат на кашлање.

НАСТИНКА И ГРИП

Во 99% од случаите, кашлицата е симптом на сезонски болести и може да трае и до 3 недели по појавата на болеста.

СИНУСНИ ИНФЕКЦИИ, ЛАРИНГИТИС, БРОНХИТИС

Мора да се лекуваат причините и последиците од респираторните заболувања. Лекарскиот преглед е задолжителен.

СЕРИОЗНИ БОЛЕСТИ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Во 5 до 10% од случаите, кашлицата е алармантен знак на рак, хронична опструктивна белодробна болест, саркоидоза и туберкулоза.

Она што самите можете да го направите за да се ослободите од хроничното кашлање е да ги одбегнувате цигарите, зачадените простории и да поминувате што е можно повеќе време на свеж воздух. Ако се работи за кашлица предизвикана од настинка, грип или респираторно заболување, покрај чаевите, природните лекови или терапијата што ќе ви ја препише докторот, можете да најдете и препарат за искашлување, како на пример сируп, таблети или капки за инхалација, кои ќе ви помогнат да го ублажите овој иритантен симптом и да го смирите грлото и белите дробови.

Доколку вашата кашлица трае подолго од 2-3 недели, а притоа ви се јават и други симптоми, како што се температура, болки во градите или траги од крв во искашланиот шлајм, би требало да одите на доктор што е можно побрзо.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време