Ако се будите со пот на лицето, веднаш на лекар: Честото потење е симптом на една сериозна болест

Најдобро е да бидете свесни за знаците на предупредување

891

Никој не ни претпоставувал дека зголеменото потење укажува на оваа опасна состојба

Зголеменото потење во текот на жештините и физичката работа е нормален процес, но ако тоа ви се случува и без да правите ништо, тогаш треба да одите на лекар.

Истражувањата докажале дека засиленото потење често се јавува кај луѓето кои боледуваат од дијабетес тип 2 и земаат инсулин. Меѓутоа, експертите истакнуваат дека потењето се засилува и кога нивото на шеќер во крвта значајно ќе опадне (хипогликемија).

Исто така, ако покрај потењето се јавува и чувство на глад, сува уста и срцето забрзано чука, тогаш можно е да страдате од низок шеќер во крвта. Хипогликемијата се одразува и на спиењето. Ако се будите среде ноќ поради главоболка, уморни сте и секогаш се потите кога ќе се разбудите, тоа може да е знак на хипогликемија.

Засиленото потење може да укажува и на други опасни состојби, како што се проблеми со нервниот систем, срце удар, одредени типови карцином, опасни инфекции и анксиозност. Ако често се будите мокри од пот или засилено се потите, дури и кога не е топло, задолжително одете на лекар и дознајте дали сте изложени на ризик од некои болести.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време