8 нови здравствени откритија

337

1 СЕПАК Е МОЖНА РЕГЕНЕРАЦИЈА?!

Научниците осмислија револуционерна технологија што помага во зараснување рани, лекување крвни садови, нерви и оштетени органи. Нанотрансфекцијата на ткивата (англ./tissue nanotransfection, TNT) користи нанотехнологија за да ги претвори клетките на кожата во други типови клетки што можат да се користат за „поправање“ оштетени ткива.

2 ЕКГ ПРЕКУ ТЕЛЕФОН

Електрокардиограм може да се направи со минијатурен апарат што се поврзува со паметен телефон, а потоа, на месечен план, испраќа извештај за мерењата, по што резултатите му се испраќаат на лекар. Наскоро ќе биде можно ЕКГ да се направи со едноставен допир со прст на одреден дел на уредот Apple Watch. Исто така, се работи на развој на систем што, врз основа на ЕКГ, ќе може да предвиди дали пациентот има премногу или премалку калиум во крвта и дали му се заканува ризик од ненадејна смрт.

3 ИМПЛАНТИ НА ‘РБЕТОТ ВО 3Д-ТЕХНОЛОГИЈА

Новите импланти од титаниум имаат рапава површина и проѕирна структура, што им помага побрзо и полесно да се вградат во телото (‘рбетот). „3Д-технологијата на компјутерите е дизајнирана да им дозволи на коските да растат на имплантот и низ него“, вели претседателот на компанијата што ги произведува овие импланти.

4 ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ОРГАНИ

Научниците одгледаа генетички модифицирани свињи чии органи со голема успешност ќе можат да се пресадат во луѓе. Овој развој на науката ги зголемува шансите пресадувањето на органите од еден на друг вид да стане реалност.

5 ПРЕКРОЈУВАЊЕ ДНК

Научниците успеаја да ја изменат ДНК на човечки ембрион за да отстранат генетичка мутација што доведува до ненадејна смрт. Ова достигнување би можело да им помогне на родителите да спречат кај децата наследни болести, како Хантингтонова болест, Теј-Сашов синдром и цистична фиброза. Од друга страна, многумина се загрижени дека ова прекројување на гените би можело да доведе родителите да бараат „дизајнирање“ деца со супериорна интелигенција и атлетски способности. Меѓутоа, научниците уверуваат дека тоа сепак не е можно засега. Тие велат дека не може еден ген да се замени со друг, затоа што ембрионите не го сакаат тоа.

6 ПОПРАВАЊЕ ЗАБИ БЕЗ ДУПЧАЛКА

Британските научници открија дека забите можат природно да се поправат со помош на матични клетки за стимулација на растот на ткивата. Мало количество „тидеглусиб“, засега експериментален лек за лекување Алцхајмерова болест, може да поттикне регенерација на забите. Ако биоразградлив сунѓер натопен со овој лек се смести во просторот на забот што е уништен од кариес, а притоа е во допир со забната пулпа во која се наоѓаат матичните клетки, сунѓерот ќе се разгради, а на неговото место, верувале или не, ќе добиеме совршено регенериран заб.

7 КОНТАКТНИ ЛЕЌИ ЗА ПОВЕЌЕ ОД ОСТАР ВИД

Развиени се транспарентни сензори што контактните леќи можат да ги претворат во софистицирани апарати за мониторниг на здравјето – мерејќи го нивото на шеќерот во крвта, на уреата и други параметри. „Во леќите можеме да вградиме повеќе од стотина различни сензори“, велат од научниот тим на овој проект. Следењето на гликозата во крвта преку леќите ќе им го подобри квалитетот на животот на дијабетичарите, а оваа супериорна леќа ќе може да детектира дури и рак во рана фаза.

 8 ЛЕК ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ

Најновите факти врзани за стареењето ја отворија можноста во следните пет години на пазарот да се појави лек против стареење. Имено, откриена е супстанцијата NAD, која клетките ја користат за закрепнување на оштетената ДНК. Нивото на NAD во организмот опаѓа со текот на годините, а експериментите врз животни покажаа дека може да се зголеми ако супстанцијата NMN, која е поврзана со неа, се внесува преку храната.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.