Во мода е храната: Да живее хедонизмот!

110

Никој не е роден со калкулатор за броење калории, туку со природно чувство на глад, па штом ќе престанете да си го слушате телото – ги создавате речиси сите предуслови за трупање на килограмите.

Без разлика дали станува збор за излегувања, патувања или за дружба со пријателите, едно е заедничко – храната! Се прашувате како, покрај сите тие искушенија, да држите диета и да се ослободите од вишокот килограми?

Модата и храната не поднесуваат униформираност

Храната и модата се најповрзани досега, а во 2018 година е речиси невозможно да држите диета откажувајќи се од сите задоволства. Мајкл Корс вели: „Модата е како храната – некои луѓе сакаат суши, други мислат дека хамбургерот е божествен. Луѓето сакаат различни нешта.“ И сосема е во право! Како што во модата не треба да бидеме униформирани, така и храната не може да им одговара на милиони луѓе. „Униформираната“ исхрана се темели на рестрикција на важни хранливи состојки, а земајќи предвид дека секој организам има различни потреби, недостигот од, на пример, јаглехидрати доведува до излачување на стрес-хормонот,кој, пак, предизвикува главоболка, нервоза и нерасположение.

Никој не е роден со калкулатор за броење калории, туку со природно чувство на глад, па штом ќе престанете да си го слушате телото – ги создавате речиси сите предуслови за трупање на килограмите.

Секогаш е пожелно здраво и фит-тело

Кога станува збор за изгледот, една работа што е секогаш добредојдена е здраво и фит-тело. Да, тешко е да ѝ се одолее на храната што секојдневно ви ги окупира профилите на социјалните мрежи, сепак намирниците на сликите нека ве поттикнат сами да направите попаметен избор.

Помалку е повеќе

Како и во модата, така и во исхраната важи ова правило. Умереноста и контролата на порциите ќе ве доведат до телото за кое сонувате, а килограмите веќе никогаш нема да се вратат. Зошто? Па, ако препорачаната дневна доза на калории изнесува 2.200, со одбивање на 500 калории на дневно ниво, килограмите ги губите на здрав начин – еден килограм неделно, четири месечно, осум за два месеца… Па, вие видете како ви е полесно! Во преостанатите 1.700-1.800 калории имате доста голем простор да ги вклучите своите омилени јадења, но во умерено количество – до контрола на големината на порциите (во големина на вашата дланка).

Ако главното јадење е фустан, тогаш десерт се чевлите

Главното јадење – ручекот – би требало да изнесува 500-700 калории.

Како што совршената модна комбинација не може без одредени детали, така не може ни вашиот ручек. Не мора целосно да се откажете од шеќер. Нутриционистите се согласуваат дека шеќерите се погонско гориво на организмот и дека му се неопходни за негово урамнотежено функционирање.

Сакате да се напиете чаша газиран пијалак по оброк? Само напред! Една чаша „кока-кола“ има само 144 калории, а ако не сте оставиле место за нив, на располагање ви се нејзините нискокалорични варијанти на база на засладувачи (0 калории).

Сепак претпочитате колач по оброкот? Нема проблем, салата со пилешко месо со вредност од 400-450 калории во комбинација со колач исто така се вклопува во умерен режим на исхрана.

Сами ја креирате совршената модна комбинација

Нема посреќно тело од она што е задоволно и што нема потреба да се откажува од нешто. Ќе ги симнете килограмите само ако на телото му го дадете она што му е потребно, вклучувајќи ги шеќерите и мастите, кои се често забранети во диетите. Со тоа што сте го убедиле телото да не гладува, вие сте го охрабриле на правилен начин да ја вари храната и да не си нанесува повеќе штета одошто корист. На вас е да го искомбинирате сето дадено во препорачаната дневна доза калории – 1.800. Колкав простор за креативност, нели?

Текст: Бојана Стојменовиќ

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време