Пролетен детокс: Храна што го прочистува црниот дроб и дигестивниот систем

Прочитајте за кои прехранбени производи станува збор

299

Помогнете му на црниот дроб со тоа што ќе консумирате одредени намирници

Тешката храна и разните десерти во кои уживавте за време на празниците оставаат трага во цревата, желудникот и црниот дроб. Не е ни чудо што се чувствувате подуено, бидејќи во вашиот дигестивен систем се насобираат токсини и бактерии кои му наштетуваат на црниот дроб. Еден од начините да му помогнете на црниот дроб е да ги консумирате вистинските намирници. Прочитајте за кои прехранбени производи станува збор…

Лук

Консумирањето лук ги активира ензимите за детоксикација на црниот дроб. Со други зборови, овие ензими ги разградуваат токсините и ги отстрануваат од телото. Освен тоа, лукот е познат како природен антибиотик, бидејќи содржи 39 антибактериски материи, па затоа е одличен за превенција на болести. Што се однесува до подготовката, најдобро е да го оставите сечканиот лук да отстои барем пет минути за да се ослободат материите што делуваат позитивно на организмот.

Цвекло

Цвеклото обично го јадеме како салата, но можеби би требало почесто да го консумираме и тоа како цеден сок. Цвеклото исто така ги активира ензимите во црниот дроб и жолчката кои помагаат при разбивањето и апсорбирањето на здравите маснотии и хранливи состојки, како што е витаминот Е. Ако мислите дека сокот од цвекло нема да ви се допаѓа, скријте го неговиот вкус со банана или со сок од шумско овошје.

Јаболка

Ако јаболкото не е вашето омилено овошје, изрендајте го во некоја ладна салата. Без разлика што овошјето е слатко, салатата ќе добие посебен вкус. Јаболката содржат многу влакна, па затоа ги прочистуваат цревата, ја подобруваат функцијата на дигестивниот систем и го снабдуваат со добри бактерии. За да добиете што е можно повеќе витамини и минерали од јаболката, никако немојте да ја лупите кората, туку изедете ја заедно со внатрешноста на јаболкото.

Ферментирана храна

Ако сте подуени или веќе три дена имате запек, тоа е знак дека би требало да консумирате ферментирана храна. Киселата зелка или киселите краставички ги обезбедуваат цревата со добри бактерии кои ги отстрануваат лошите бактерии и токсините.

Ореви

Јаткастите плодови се одлична храна за мозокот, но и за детоксикација. Оревите ја подобруваат циркулацијата што значи дека токсините побрзо стигнуваат до црниот дроб кој потоа ги разградува и отстранува. Богати се со аргинин кој ги неутрализира отровните остатоци од алкохол и амонијак од мозокот. Зар не е ова доволно за да ги консумирате на редовна база? Ставете ги во салата, како украс во крем супа, смуди или зобна каша.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време