Мрсна храна за појадок и сладолед пред спиење: Дали ова е тајната на совршеното тело?

Славната глумица Кејти Вилијамс ја откри својата тајна...

325

Тоа не значи дека треба да јадете хамбургер за појадок, но сепак ќе бидете сити во текот на целиот ден.

Поранешната ѕвезда од ТВ серијата „Нинџа воини“ и фитнес моделот Кејти Вилијамс е позната по нејзината беспрекорна фигура и ригорозно вежбање. Но, откако призна како се храни, никој не може да поверува дека тоа е нејзината тајна! Имено, Кејти открива дека секое утро се буди во 6.30 часот и веднаш потоа пие доза јаболков оцет која ја полева со двојна доза црно кафе.

Таа прво тренира бокс, а по тренингот се враќа дома за да го изеде „мрсниот“ појадок кој се состои од овес, млеко, мед, протеински прав, путер од кикирики, гранола или парче потпечено лепче од житарици од цело зрно, авокадо и 2 јајца.

Кејти ја јаде својата прва ужинка околу пладне и тоа е обично банана или јаболко. За ручек јаде 4 колачи од ориз со мисирка, хумус, домати и краставици. Вечерата е во 19.30 часот и обично се состои од пилешко со зеленчук и салата, црвен грав и сладок компир.

Кејти секогаш го завршува денот со вкусен сладолед! Актерката следи диета која подразбира пост од 16 часа, односно 16 часа простор од вечерата до појадокот.

Предности на 16-часовниот пост

Човечкото тело преминува во состојба на пост по околу 12 часа. Тоа е периодот кога резервите на маснотии стануваат главен извор на енергија. Докажано е дека постот го урамнотежува нивото на инсулин.

Витката убавица исто така напоменува дека најважно е да се пие доволно вода. Од клучно значење е да бидете хидрирани за да ги извршувате сите телесни функции. Водата ја регулира телесната температура, ги пренесува хранливите материи за телото да ја добие потребната енергија. Освен тоа, глумицата открива дека се обидува секоја вече да отспие 7 до 9 часа.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.