Кафето е здраво, но дали знаете кога треба да го пиете?

Кога треба да уживате во првата шолја утринско кафе?

803

Здраво е да пиете умерена количина на кафе. Но, треба да внимавате на периодот од денот!

Утринското кафе може да се вброи во една од најздравите навики поради сите позитивни ефекти што ги има умерената консумација на организмот, но само ако го пиете по појадокот, а не на празен стомак!

Квалитетниот појадок, здравата храна и дневната физичка активност се само дел од работите што придонесуваат за здравиот начин на живот. Но, многумина несвесно прават една грешка која може да им го наруши здравјето.

Некои истражувања покажале дека кофеинот е добар за поттикнување на метаболизмот и намалување на ризикот од појава на дијабетес и прерана смрт. Но, тоа не значи дека утринската шолја кафе на празен желудник е добар избор.

Зошто не треба да пиете кафе веднаш штом станете од спиење?

Нутриционистите објаснуваат дека во текот на ноќта може да дехидрираме, особено во текот на зимските месеци поради греењето во текот на ноќта. Пиењето кафе на празен стомак само ќе ја влоши состојбата на дехидрација, па затоа наутро најдобро е да испиете чаша вода на празен желудник.

Освен тоа, треба да појадувате претходно, бидејќи желудникот многу лесно може да се изиритира поради утринската доза на кофеин. Бидете паметни и не заборавајте да појадувате пред да испиете шолја кафе.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.