Дали сте поспани после ручек? Немојте да ги јадете овие 3 намирници

Поспаноста се должи на исхраната а не на уморот

993

Дознајте што е најдобро да јадете за ручек, а што треба да одбегнувате

Најдобро е да ручате околу 12 или 13 часот. Ако го поместите ручекот за доцното поладне, најверојатно ќе станете многу гладни и поради тоа ќе добиете поголема желба за храна полна со шеќери и маснотии, како што е пржената храна, слатките и колачите.

Идеалниот ручек треба да содржи витамини, минерали, здрави маснотии, јаглехидрати и протеини. Јаглехидратите и маснотиите ни даваат енергија, додека протеините се од клучно значење за правилното функционирање на нашето тело.

Ова се намирниците што се најдобар избор за ручек:

– сендвичи (со пилешко, јајца, туна, сирење или говедско) и тестенини од цело зрно

– салати

– риба, на пример скуша, лосос и сардини

– супи

– мешункасти плодови и кус кус

Следниве три намирници се најлошиот избор за ручек, бидејќи предизвикуваат пад на енергијата, односно летаргија:

1. Пржени компирчиња (помфрит)

Помфритот се пржи во многу масло и содржи едноставни јаглехидрати кои секогаш треба да ги одбегнувате, бидејќи како што нагло го покачуваат нивото на шеќер во крвта, исто толку нагло и го спуштаат. Ако изедете помфрит за ручек, многу брзо ќе почувствувате пад на енергијата, летаргија и поспаност.

2. Кравјо млеко

Иако кравјото млеко може да биде дел од урамнотежената исхрана, тоа може да има и негативен ефект на нивото на енергија во телото. Кравјото млеко потешко се вари, поради што на дигестивниот систем му треба помош и поголема количина на крв која оди во цревата, а остатокот од телото мора да функционира со намален проток на крв. Загубата на крв може да предизвика летаргија.

3. Путер од кикирики

Откако ќе изедете сендвич со путер од кикирики, многу брзо ќе станете поспани. Виновникот за поспаноста е аминокиселината триптофан која ја содржи оваа мачканица. Но не морате целосно да го одбегнувате путерот од кикирики, само комбинирајте го со суперхраната што ни дава енергија, како што се чиа семките, житарките теф и камут и слично.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време