Блејк Лајвли се откажала од 2 состојки и ја вратила линијата по породувањето

Најзгодната актерка во Холивуд ја открила тајната

1,033

Актерката Блејк Лајвли никогаш не се чувствувала подобро во своја кожа

За потребите на снимањето, со посебен тренинг и диета, таа го довела телото во идеална форма.

„Никогаш не сум била во подобра форма. Кога ќе се породите, многу сте среќни, а потоа си велите ‘Збогум за телото од минатото’, Мислите дека никогаш не можете да се вратите, но всушност можете! Тоа многу ме охрабри“, изјавила актерката откако родиле две девојчиња, 3-годишната Џејмс и Инес, која наскоро ќе го прослави вториот роденден.

Блејк ја постигнала оваа форма со правилно искомбинирани вежби и исхрана, па така биле подготвена да се слика во костим за капење само осум месеци по второто породување.

„Не јадев глутен и соја, што не е воопшто лесно да се исфрли од исхраната. Сојата ја има во секој производ, дури и во оние што се рекламираат како најздрави“, се пожалила актерката.

Сепак, во сето тоа имало и една среќна околност. Лајвли не морала да се откаже од благото.

„Можев да јадам шеќер, но умерено. На телото треба да му се даде еднаква количина на протеини, јаглехидрати и многу многу зеленчук“, додала таа.

Блејк го запознала својот сопруг Рајан Рејнолдс во 2010 година на снимањето на филмот „Green Lantern“, а по две години пријателство тие станаа еден од омилените холивудски парови. Тајната на нивната љубов е пријателството што го сочинува темелот на нивната врска и поради кое многу полесно ги решаваат сите конфликти.

„Бевме пријатели речиси две години пред да започнеме врска. Со него се однесувам како да ми е пријателка“, открила актерката и објаснила дека заедничката смисла за хумор е она што му помага на нивниот 6-годишен брак да остане цврст.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време