Едноставна навика со чија помош многу лесно ќе го намалите струкот

Луѓето кои јадат побавно полесно губат килограми

288

Дали се борите со вишокот килограми и не знаете како да ослабите? Во тоа може да ви помогне стекнувањето една единствена навика.

Научниците од Јапонија објавиле дека луѓето кои јадат побавно полесно губат килограми. Истражувањето било спроведено на 60 илјади луѓе и ја поврзало брзината на јадење со промената во телесната тежина.

„Промената на брзината со која јадеме може да доведе до промени во тежината, индексот на телесна маса и опсегот на струкот. Бавното јадење може да биде многу ефикасно во превенцијата на дебелина“, објавуваат научниците од Универзитетот во Кјушу.

Истражувачите ја испитале и состојбата на луѓето со дијабетес 2, болест која често се јавува како последица на прекумерната тежина. Луѓето кои имале навика да јадат побавно во просек имале најмал опсег на струкот. Само 21,5% од дијабетичарите од таа категорија имале прекумерна телесна тежина и индекс на телесна маса поголем од 25.

Луѓето кои јадат брзо во просек имаат поголем индекс на телесна маса и поширок струк. Најважниот заклучок од истражувањето е тоа дека луѓето кои го забавиле начинот на кој јадат веднаш почнале да губат килограми. Научниците тврдат дека ова истражување конечно ја потврди претпоставката дека брзината на јадење влијае на тежината.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време