За нас

www.ubavinaizdravje.mk е женски портал за животен стил направен за да ги задоволи потребите на современата жена (од 17 до 77 години), која на едно место секој ден добива информации неопходни да живее поздраво, поубаво и посреќно.

Не станува збор само за слоган. Низа стручни лица од областа на медицината помагаат во побрза и полесна борба и превенција на широк спектар психофизички проблеми, експерти за убавина даваат совети за нега на тело и на лице, кои ги неутрализираат последиците на животниот стил и од возраста, стилисти и шминкери ви откриваат како да го извлечете најдоброто од себе, додека психолозите и социолозите препорачуваат најдобри начини за користење на сопствените потенцијали и нè учат да живееме помирно, побавно и посреќно…

Се разбира, ниедна модерна, уникатна жена не е комплетна без успешен љубовен и сексуален живот, па на порталот се наоѓаат и практични совети од оваа област и корисни искуства на успешните луѓе, кои би можеле да ви помогнат во градењето кариера на високо ниво. Сето тоа е изложено на едноставен, лесен и достапен начин, со придружни материјали што го заокружуваат порталот во единствена целина… Патописи, уметност на живеење, астрологија, рецепти, мисли на големите луѓе, совети од јавните личности, културен водич… сето тоа се наоѓа на порталот за да ви помогне и во забавата.

Но ти тоа не е сè! Благодарение на големиот број огласувачи што сакаат да бидат во друштвото на најдобрите, на порталот се организираат наградни игри, квизови и анкети, кои, покрај добар производ, можат да ви донесат и вредни подароци, па дури и бесплатни летувања.

„Колор медиа плус“, компанијата што е сопственик на порталот www.ubavinaizdravje.mk, е издавач и на најтиражното списание за жени „Убавина и здравје“ и организатор на конференции и настани како:

The Economist: Светот во 2016

Ползијада 2016

Food Talk Macedonia 2016

Bike Day 2017