Руменилото сè уште е во тренд!

Чекор по чекор до заводлив секси-изглед

Откога почнавте да се шминкате, руменилото е задолжителен дел на вашиот секојдневен мејкап-режим. Но пред да го нанесете на вообичаениот начин, размислете за новите начини за истакнување на образите.

1 Невино

Погледнете се во огледало и насмевнете се. Ја забележувате заобленоста на јаболчните коски? На тие места треба да нанесете руменило. Доволен е еден потег со четката веднаш под јаболчиците и ќе постигнете младешки, но не и куклест изглед.

2 Секси

Повлечете линија со крем-руменило во боја на фуксија – по надворешниот раб на јаболчиците, па до слепоочниците (во облик на буквата С).

Фото: Guliver/Getty Images

3 Осветлено

За создавање впечаток на образи што зрачат, втријте розово руменило во крем по должината на јаболчните коски, а одозгора нанесете иридесцентна пудра (бела пудра чии честички различно ја прекршуваат светлината).

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.