Три трика со чија помош ќе се разбудите со совршена фризура

Жените наутро трошат многу време за да направат фризура

621

Лошата фризура може да го уништи и најубавиот ден

Понекогаш и покрај вложените напори, не може да и’ се помогне на косата. Но деновите со лоша фризура се минато, бидејќи постојат три одлични трикови кои ќе ви помогнат да станете од кревет со средена, совршена фризура.

1. Разбудете се со кадрици

Ако сакате да се разбудите со кадрици кои нема да спласнат пред да излезете од дома, пробајте го овој трик: додека косата е сè уште влажна, нанесете малку пена, потоа завиткајте ја во 4 пунџи. Колку се поцврсти пунџите толку поситни ќе бидат кадриците. Без разлика за какви кадрици ќе се одлучите, косата ќе ви делува многу природна и бујна.

2. Додајте и’ волумен на косата

Ако имате права и ретка коса и сакате да и’ додадете малку волумен, ќе ви помогне таканаречената крофна-гумичка за обликување пунџи. Додека косата е сè уште влажна, врзете ја во голема пунџа и така одете на спиење. Наутро пуштете ја косата и уживајте во нејзиниот волумен.

3. Одберете свилени навлаки за перница

Ако косата ви е сува, ретка и оштетена, време е да ги замените памучните навлаки со свилени. На овој начин, косата наутро ќе ви изгледа многу поубаво. Кога спиете на свила, косата останува мека, хидрирана и не се масти.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време