Револуција во бланширањето!

Напреден систем за осветлување за спектакуларни резултати без никакви оштетувања на влакното...

245

Стандардниот бланш сериозно ја оштетува косата (влакното станува обезмастено, кршливо и се рони). Овој проблем, #LAKME го реши со новиот тип на бланш к.blonde направен од глина со каолин!

Што е бланширање?

Бланширањето е отстранување на несаканиот пигмент на косата:

  • За да се добие квалитетна основа за драстична промена на нијансата 
  • Или целосна промена на природната боја на косата

Глината за бланширање к.blonde ве ослободува од ограничувања во изборот на бојата и го добивате резултатот како “на сликата” што ја покажувате на фризерот!

 

! Заштита на влакното од оштетување

Стандардниот бланш сериозно ја оштетува косата (влакното станува обезмастено, кршливо и се рони). Овој проблем, лабораториите на LAKME го решија со изнаоѓање на нов тип на бланш к.blonde направен од глина со каолин, богата со минерални масла.

Глината за бланширање е блага за кожата на рацете и може да се користи без ракавици. Технички е толку напредна, што може да се нанесува слободно со прсти (без четка)! Додаденото масло од семе од Camelia Japonica ја заштитува еластичноста на косата и по третманот, влакното не се рони и не расцетува.

LAKME k.blond дополнително ја засилува заштитата на влакното со церамиден комплекс и додавање на пчелин восок во својата формула.

Каолин

 

Новата формула на бланш од природна глина (со каолин) LAKME k.blond:

  • Не содржи Амонијак
  • Ја запечатува кутикулата
  • Влакното останува еластично
  • Се нанесува без четка (со слободна рака)
  • Не користите ракавици
  • Хидрира и освежува
  • Не пресликува

 

 

 

 

Зошто да одберам k.blonde? 

K.blonde сетот е напреден систем за осветлување, со тоа што дозволува комплетна промена на изгледот и слобода во изборот на боја со слободна рака (без четка).

Ќе добиете спектакуларни резултати без никакви оштетувања на влакнотоK.blonde сетот ја затвора обвивката на влакното и природните масла на косата остануваат во внатрешноста, ја задржувате косата здрава и цврста.

За најдобри ефекти, се нанесува k.blonde фолија, што убаво ја загрева косата. K.blonde глината за бланширање е флексибилна и прецизна е за сите техники на осветлување: Bronde, Shatush, Balayage, Splashlight, Degrade!

! БЕСПЛАТНА Обука (само за професионалци)

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време